Компанијата GHGSat, која се занимава со глобално следење на емисиите на стакленички гасови, објави дека нејзините сателити детектирале емисии на метан кој го испуштаат кравите на фарма во Калифорнија. Ова е првпат емисиите што ги испушта добитокот, а кој е главен фактор во производството на метан во земјоделството, да може да се измерат од вселената, се вели во нивната изјава.
Минатиот месец тие ги анализирале податоците собрани од нивните сателити и утврдиле дека изворот на метан доаѓа од фарма за гоење во близина на Бејкерсфилд.
Треба да се истакне дека овие товилишта се огромни фарми на отворено кои се користат за интензивно одгледување животни, главно говеда, но и свињи, коњи, овци и живина. Главно ги има во Австралија, САД, Канада и ЕУ.
Значајна количина
Од GHGSat коментираат дека станува збор за значителна количина на метан бидејќи во спротивно е тешко да се измерат неговите емисии. Потребно е точно мерење за да се постават изводливи цели за негово намалување во сточарството.
Тие објаснуваат дека количината на метан што ја забележале ќе резултира со емисии од 5.116 тони доколку се задржат во текот на годината. И како што велат оттаму, ако се „фати“, би можел да напојува над 15.000 домови.
Товилишта со 120.000 животни
Земјоделството е главниот извор на метан, стакленички гас 84 пати посилен од јаглерод диоксид (CO2). Сточарството е одговорно за 3,7 отсто од сите емисии, при што 1,4 милијарди крави во светот подригнуваат до 500 литри CH4 дневно, поради дигестивниот процес познат како ентерична ферментација.
Во соопштението се посочува дека загадувањето од ваквите товилишта е голем проблем. Најголемите може да имаат повеќе од 120.000 животни, а 1,4 милиони крави во калифорниската млечна индустрија се најголемиот извор на метан, кој државата се обидува легално да го реши. Така, во 2017 година стапија на сила нови правила со цел да се намали нивото на метан и флуорирани гасови во атмосферата за 40 отсто до 2030 година, во споредба со вредностите од 2013 година.
Велат дека се тестираат различни техники за да се намалат овие емисии, вклучително и додавање помали количини на морски алги во нивната исхрана.
Agriculture is responsible for 27% of methane emissions in the United States in 2020. GHGSat detected and measured five separate methane emissions ranging in size from 361 to 668kg/h from feedlots in California 🛰️
Press Release: https://t.co/Db5Oz2jP6W pic.twitter.com/9LYs0vI3ot
— GHGSAT (@ghgsat) May 2, 2022
