Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За прилепчани има огревно дрво, се намалува интересот, но останува дрвокрадството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За прилепчани има огревно дрво, се намалува интересот, но останува дрвокрадството
Агровести

За прилепчани има огревно дрво, се намалува интересот, но останува дрвокрадството

Објавено 09/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Огревно дрво има доволно и навремено им се испорачува на домаќинствата, иако интересот се намалува овој реагенс да се користи за загревање на домот, велат од прилепската подружница на ЈП „Национални шуми“, „Црн Бор“ од Прилеп.

За оваа сезона, уште пролетоска, се запишани околу 600 прилепски домаќинства на кои им се испорачуваат 3 500 кубни метри дрва. На правни субјекти ќе им се испорачаат уште 6 000 кубни метри огревно дрво.

– Граѓаните не треба да стравуваат. Веќе 62 насто од запишаните количества се испорачани до домовите. Според динамиката, сите количества ќе се испорачаат до средината на октомври. Уште 6000 кубни метри им се испорачуваат на правните субјекти, вели Пецо Јовевски, раководител на прилепската подружница „Црн Бор на ЈП „национални шуми“.

Се намалува интересот за користење на огревното дрво како реагенс. Забележлива е преориентација на домаќинствата.

– Последниве години се намалува интересот, иако не драстично. Сега граѓаните се преориентираат кон други реагенси за загревање, електрична енергија, пелети. Традиционалните семејства уште инсистираат на огревно дрво. Без разлика, на сите заинтересирани им излегуваме во пресрет. Не може освен на оние кои сега, во последен момент, бараат огревно дрво, објаснува Јовевски.

Јовевски признава дека сѐ уште не може да се добие битката со дрвокрадците. Прилеп е меѓу првите во државава каде дрвократството е најголемо.

– Прилепскиот регион останува најнападнат од дрвокрадците. Има мерки, акции, но потребни се поригорозни и почести. Се нуди илегално дрво колку што ние плански годишно сечеме, а тоа се околу 10 000 кубни метри. Главниот товар е на шумската полиција, на граничната, на полицијата. Но мора да се бориме со овој огромен проблем, вели Јовевски.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:дрвоогревноПрилеп
Претходен напис Оглас за избор на најуспешен земјоделец на Општина Кочани
Следен напис ИПАРД 3 новини – авансна исплата до 50 отсто од поддршката веднаш по потпишување на договорот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?