Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За „Крап куп Дебар 2021“ пријавени 12 екипи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > За „Крап куп Дебар 2021“ пријавени 12 екипи
Магазин

За „Крап куп Дебар 2021“ пријавени 12 екипи

Објавено 09/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во организација на спортското риболовно друштво „Трофта“ во петок на брегот на Дебарско Езеро почнува риболовниот турнир „Крап куп Дебар 2021“.

-Турнирот „Крап куп Дебар 2021“ го одржуваме по вторпат и повеќе од сигурни сме дека преминува во традиција, имајќи го бројот на екипи пријавени за овој, споредено со оној минатата година. Пријавени се 12 екипи, од нив една од Косово додека останатите се од повеќе градови од нашата земја – изјави за МИА, Дритан Боцку претседател на СРД „Трофта“.

Додава дека повеќето од екипите имаат по три члена, а само неколку по два, кои ќе риболоват со по две трски. Тоа значи дека една екипа ќе може да лови со шест односно четири трски, што зависи од тоа колку члена има, на кои дозволено им е ловење со бојли и пченка.

-Сакам уште еднаш, преку МИА, да ги информирам пријавените дека пристигнувањето на патека е најдоцна до 5 часот, во петок, 10 септември, извлекувањето на позициите ќе биде до 6, пристапување на позициите е од 8 и во 10 часот ќе биде означен почетокот на натпреварот – додава Боцку.

Натпреварот завршува во недела во 14 часот, а еден час потоа ќе бидат прогласени најуспешните.

За екипата која ќе има најмногу среќа, односно количина уловена риба-крап, наградата е 15.000 денари, пехар и медали, за второ и третопласираната екипа следува награда од 10.000 односно 5.000 денари и пехари. Награда има и за најголема уловена риба во висина од 4.000, а по 3.000 денари ќе добијат највозрасниот и најмладиот натпреварувач.

Награди се обезбедени од повеќе спонзори кои ќе бидат распределени од самите спонзори.

Сите останати парични средства ќе бидат употребени за набавка на подмладок на крап за порибување на езерото, како што беше и минатата година.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:ДебарКрап куп
Претходен напис „Везе Шари“, „Лекер“ и „Јона пиле“, доделија награди за најуспешните земјоделци за 2021
Следен напис (ВИДЕО) Петар Колевски, сопственик на „Агриа“– „Најуспешен агробизнисмен за 2021 година за развој и модернизирање на домашното производство“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?