Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За кадровските решенија на предлог на Алтернатива ќе одлучува новиот мандатар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > За кадровските решенија на предлог на Алтернатива ќе одлучува новиот мандатар
Агровест

За кадровските решенија на предлог на Алтернатива ќе одлучува новиот мандатар

Објавено 05/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Kaдровските решенија што ќе ги предложи Алтернатива за министри и заменици министри ќе го чекаат новиот мандатар за да бидат избрани во Собранието.

-Владата околу крајот на годината ќе биде предложена, мојата оставка ќе биде депонирана, кога ќе почне постапката за предлагање на новата Влада во Парламентот. Тоа се 20-ина дена од сега. Ова прашање од тогаш натаму не зависи од мене, туку ќе зависи од новиот мандатар, од новиот премиер, рече денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши.

За кадровските решенија во Алтернатива ќе решава Централното претседателство. Гаши рече дека во наредните денови ќе направат внатрепартиски консултации и кога ќе имаат решенија, рече, ќе го свикаат централното претседателство и ќе се донесат одлуките кои имиња ќе ги претставуваат во извршната власт.

Прашан дали сега е подготвен да го смени Венко Филипче од функцијата, бидејќи не ја прифати неговата оставка по пожарот во модуларната болница во Тетово, Заев одговори дека Северна Македонија досега немала подобар министер за здравство.

-Венко ќе стане подругар со мене отколку што бил зашто ќе имаме повеќе време, рече Заев.

На новинарско прашање зошто, за разлика од Беса која имаше еден министер и двајца заменици во Владата, за соработката со Алтернатива се спомнуваат повеќе членови и 47 функции и дали тоа било условот за влез во Владата, Гаши одговори дека во преговорите за влез во Владата немале уценувачки пристап и дека единствено се раководеле за доброто на државата и дека условот бил програмските определби.

Заев, пак, кажа дека не знае за список на функции што е објавен, но може да потврди дека Алтернатива добива доста повеќе значајни одговорности во извршната власт.

Во однос на коалицирањето со опозициските партии за локалните избори, Африм Гаши рече дека ставот им е оти остануваат докрај верни на коалициите со кои заедно настапиле – и Алијанса за Албанците и онаму каде што поддржале независен кандидат.

-Нашите гласачи гласале за тие кандидати. Ние унилатерално нема да ги прекинеме овие коалиции, се додека од другата страна нема раскинување или се искаже недоверба или унилатерално ја прекинат соработката со Алтеранатива. Тогаш ќе бидеме принудени да функционираме поинаку, рече Гаши.

МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Нов агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра – нова надеж за македонските земјоделци!
Организирани банди крадат добиток во Германија: Фармите остануваат без цели стада
Трипуновски на камен темелник на свињарска фарма
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:алтернативагажиземјоделципрес
Претходен напис (ВИДЕО) Бектеши: Може да се прошири листата на производи чии цени ќе се замрзнат
Следен напис Времето денеска облачно со дожд, а на планините снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?