Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За добри приноси на компирот – обилно ѓубрење на почвата со сулфур
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > За добри приноси на компирот – обилно ѓубрење на почвата со сулфур
Совети

За добри приноси на компирот – обилно ѓубрење на почвата со сулфур

Објавено 01/04/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Компирот од земјата зема доста хранливи состојки и затоа мора сериозно да се наѓубри.
Агростручњаците велат дека во тек е пластеничкото производство на домати, пиперки и други градинарски култури додека на отворено овие денови се подготвува садење на компир, зелка и кромид.

Важност од ѓубрење на компирот

Сериозните производители, кои ги следат современите технологии во производство на оваа култура и кои правеле агрохемиска анализа на земјиштето, знаат дека кај повеќето градинарски култури pH вредноста на земјиштето треба да изнесува од 5,5 до 6,5. Компирот од земјиштето зема доста хранливи материи и затоа мора сериозно да се наѓубри.
„Во предсеидбените подготовки треба да додадеме некои 900 кг по хектар НПК ѓубриво 8:16:24. Во почетна фаза на развојот за формирање на добра лисна маса треба да се оди на две прихрани со азотно ѓуриво. Азотот е важен поради формирање на цврстите стебленца. Земјоделските стручњаци истакнуваат дека треба да се води сметка да се направи подривање на земјиштето, потоа високи бразди и правилен распоред на ѓубриво.“ , вели Драган Миљушковиќ, советник за градинарство за Агроклуб.

Малчирањето на компирот станува глобален тренд – зошто?

„Во раните фази треба да се додаде азот. Порано препорачувавме една до две прихрани со азотни ѓубрива, а подоцна треба да се стави фосфор и калиум како кај компирот така и кај зелката и кромидите заради чување“, вели тој.

Фосфорот е важен за силен коренов систем и формирање на генеративни органи

„Сите коренесто – клубенасти растенија, зелки, потоа плодовиот зеленчук, сето тоа се растенија кои многу бараат калиум. Затоа нашите земјоделци треба да обрнат внимание во тие доцни фази на развој да им го даваат на растенијата овој елемент. Потребно е тоа ѓубриво да биде со сулфур, значи некој калиум сулфат или ѓубриво со калиум што имаат сулфур во себе“, вели Миљушковиќ и додава дека сулфурот е значаен поради чување на компирот ако подоцна сакаме да го чуваме и ако сакаме да ни достигне добра пазарна вредност.

Внесете арско ѓубре во основната обработка

Се напоменува дека е многу важно да се внесе органско шталско ѓубре во основната обработка, на есен за да се постигнат стабилни приноси.
„Кај нас просекот е 12,5 тона компир по хектар, додека Холандија бележи повеќе од 50 тона по хектар. За да се добие принос од 30-40 тони, потребно е да се стават 30 тони ѓубриво наесен, а подоцна е многу важно во таа подготовка на земјиштето да се изработи подривање за да се формираат високи бразди за компирот. Тие подоцна ќе значат многу бидејќи можат да се развијат крупни клубени“, сметаат експертите.
Покрај макроелементите, важни се и микроелементите. Тоа е пред сè магензиум, а кај компирот и манган. Затоа калциумот е многу важен кај сите култури и тоа пред сè за чување на зеленчукот.

Извор: Агроклуб.рс

Може да ви се допадне

Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Пет причини зошто да изберете ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР!
Примена на фертиригација кај овошните насади
Cydia pomonella (Јаболков црв) – најзначаен економски штетник во овошните насади
Таг:компир
Претходен напис Во сабота прво прскање против ларви од комарци за годинава
Следен напис УЈП започна со генерирање и доставување на Годишната даночна пријава за данок на личен доход
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?