Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: WWF: Популацијата на диви видови се намали во просек за 69 отсто од 1970 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > WWF: Популацијата на диви видови се намали во просек за 69 отсто од 1970 година
Агровести

WWF: Популацијата на диви видови се намали во просек за 69 отсто од 1970 година

Објавено 22/05/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светската организација за заштита на природата WWF, денеска на Меѓународниот ден на биолошката разновидност, предупреди на драматичното опаѓање на биодиверзитетот во светот и повика да се преземат итни конкретни мерки за да се запре овој тренд.

Според последниот извештај  на WWF за состојбата на планетата, популацијата на диви видови се намалила во просек за 69 отсто од 1970 година.

WWF потсетува дека пред половина година беше усвоена Глобалната рамка за биолошка разновидност Кунминг-Монтреал, која го обврза светот да го запре и да го врати губењето на биолошката разновидност до 2030 година.

Според најновиот извештај за состојбата на планетата на WWF, популацијата на дивите видови е намалена во просек за 69 проценти од 1970 година, додека пред нешто повеќе од една деценија, Извештајот за состојбата на планетата на WWF покажа дека популацијата на видовите се намалила за околу 30 проценти во однос на 1970 година.

Денес е особено алармантно за популацијата на слатководните видови кои се намалени за 83 отсто во однос на 1970 година, се наведува во соопштението.

WWF посочи дека биодиверзитетот е мрежа на животот на земјата.

Како што е наведено, 80 проценти од луѓето кои живеат во руралните области во земјите во развој се потпираат на традиционални хербални лекови за основни здравствени потреби.

Повеќе од 70 отсто од природните површини се претворени во обработливо земјиште.

На глобално ниво, 40 отсто од храната произведена на овие обработливи површини се фрла, што покажува дека мрежата на животот во таа област е уништена за ништо, велат од WWF. 

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:WWFдиви видови
Претходен напис Од полноќ поскапуваат горивата
Следен напис Исчистени диви депонии во три села во Општина Василево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?