Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Врнежите од јуни и јули ќе се одразат врз вториот турнус во градинарството, велат производителите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Врнежите од јуни и јули ќе се одразат врз вториот турнус во градинарството, велат производителите
Агровести

Врнежите од јуни и јули ќе се одразат врз вториот турнус во градинарството, велат производителите

Објавено 25/07/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Екстра квалитет, добар пласман и солидни цени, вака помина првиот годинашен турнус во градинарството, велат производителите. Но, вториот, што се очекува во август, се уште е неизвесен, пред се од аспект на приносот. Можно е честите поројни врнежи што ја зафатија земјава кон крајот на јуни и почетокот на јули, да се одразат врз квалитетот и да го намалат родот.

Покрај нестабилното време, земјоделците како многу посериозен и долгорочен го посочуваат проблемот со се помалиот број површини под градинарски култури. Како што истакнуваат, површините се преполовени, производството главно се сведува на зелка и индустриски пипер, а значително, речиси двојно, е намален и бројот на производители.

-Задоволен сум од пласманот на првиот производен циклус, пиперот беше 60 – 70 денари, доматот во сезона одеше по 60 – 65 денари, додека розовиот домат ќе биде околу 50 денари. Во август се очекува вториот турнус, а какви ќе бидат цените ќе покаже времето. Стравувавме дека ако продолжат интензивните, поројни врнежи, ќе биде лошо. Тоа секако ќе се одрази врз квалитетот, посебно кај оние површини кои навреме не беа заштитени. Сепак, останува да видиме, вели Ристо Велков, земјоделец и претседател на Сојузот на синдикати на земјоделски производители.

Тој укажува дека поголем проблем од овој со временските услови е тоа што веќе, како што оценува, нема кој да работи.

-Нема веќе кој да работи, тоа е проблемот. Малку се сади. Површините се сигурно намалени за 40 проценти, а можеби и за 50 отсто. Интерес нема, посебно не за домат и краставица, зашто овие две култури бараат повеќе работа. Претежно се сади зелка и индустриски пипер, истакнува Велков.

Според производителот и претседател на Потсекторската група градинарство Драги Памуков, во моментов речиси нема зеленчук во земјава. При крај се количините од првиот турнус домати, пипер, краставици.

-Засега, конкретно годинава, најголем проблем беа поројните врнежи и невремето кое го зафати струмичкиот регион, но долгорочно, проблем е тоа што има се помал интерес кај земјоделците за градинарство. Повеќето од нив се иселуваат, работата е тешка, но не и доволно исплатлива. Ако пред три години во струмичката Подрачна единица на Министерството за земјоделство имаше 8.500 апликанти за поддршка, сега има околу 4.500. Бројот е преполовен. Земјоделците генерално си одат во странство, нагласува Памуков.

Негова оценка е дека првиот годинашен производен циклус имаше турбулентни ситуации, „кога долу, кога горе“.

-Замрзнатите цени и целата таа наметната ситуација, доведоа до тоа да ги продаваме градинарските производи под производна цена. Ако производната цена, на пример, на доматот беше 80 денари, ние го дававме за 60. Слично е и со краставицата која беше во помал обем. На пиперот, пак, производната цена му е 40 денари, а сега се продава по 30 – 35 денари. Врнежите што зафатија одредени делови од државата повторно морам да ги спомнам зашто, секако, негативно ќе се одразат врз производството. Не само што ќе се намали квалитетот, туку можно е да се редуцираат и количините. На 5 јули имаше цунами во Струмичкиот регион, а земјоделците го извлекоа подебелиот крај. Кај пиперот може да дојде до сушење, но ајде да почекаме, па ќе видиме, објаснува Памуков.

Негова оценка е дека увозот не може да се запре, само може да се контролира.

-Тоа е посебно изразено сега, со Отворен Балкан, кога границите практично се отворија. Годинава имаше повторно увоз на краставици од Албанија, но траеше кратко и не го наруши пазарот, вели Памуков.

Исплатени 224,4 милиони денари поддршка за градинарските култури

На 30 јуни годинава Платежната агенција соопшти дека се исплатени близу 224,4 милиони денари за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети на 3 821 корисник.

Висината на директните плаќања изнесува три денари по килограм за сите градинарски култури.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и се корисници на подмерка 1.4 на оваа уредба, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитети за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2021 година до 25 декември 2022 година, вклучително и производените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделските производи.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:градинарскизеленчук
Претходен напис И денеска сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени
Следен напис Штипските пожарникари вчера интервенирале на три локации
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?