Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Врнежите ги полнат хидроакумулациите во Струмичко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Врнежите ги полнат хидроакумулациите во Струмичко
Агровести

Врнежите ги полнат хидроакумулациите во Струмичко

Објавено 03/02/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врнежите од дожд од снег ги полнат хидроакумулациите во Струмичко, од кои, заради сушниот период лани, во сезоната на наводнување имаше распоред за пуштање вода од по три дена за повеќе атари во регионот, а годинава нема да има проблеми за земјоделците.

Според раководителот на Подружницата „Струмичко поле“ при АД „Водостопанство на Македонија“, Томе Спасов,врнежите ги полнат акумулациите, а неколкуте помали веќе преливаат.

– Според мерењата во најголемата акумулација „Турија“ имаме 27,3 милиони кубни метри вода од вкупно 50 милиони. Во „Водоча“ се измерени 11,1 милиони кубни метри вода од вкупен капацитет од 27 милиони кубни метри вода, информираше Спасов.

Додава дека за претстојната сезона за наводнување на посевите добро е што и помалите акумулации „Новоселка“, „Чаушица“, „Иловица“ и „Маркова река“ се целосно наполнети,а од последните врнежи веќе и прелеваат.

Инаку, за споредба лани во ноември во „Турија“ имало собрано 11,1 милиони кубни метри, а во „Водоча“ 9 милиони кубни метри вода.

Од акумулацијата „Турија“  со вода за пиење се снабдуваат градот Струмица и повеќе населени места. Тие годишно трошат меѓу 5 и 6 милиони кубни метри вода за пиење.

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:ВрнежитеСтрумичко
Претходен напис Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Следен напис Дурмиши: Државата е решена системски да ја сузбива сивата економија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?