Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Врнежи од град оштетија повеќе овоштарници во Пехчевскиот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Врнежи од град оштетија повеќе овоштарници во Пехчевскиот регион
Агровести

Врнежи од град оштетија повеќе овоштарници во Пехчевскиот регион

Објавено 27/05/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врнежи од град оштетија повеќе овоштарници во пехчевскиот регион. Еден од сопствениците на овоштарник во околината на Пехчево информираше дека најголема е штетата кај овошните насади во близина на месноста Чуката и Подуево.

-Конкретно мојот овоштарник е меѓу пооштетените од врнежите од град кои го зафатија нашиот регион. Јас одгледувам сина слива и вишна, штети има и кај сливата и кај вишната, вели пехчевскиот овоштар.

Додава дека родот бил добар, а штетите се големи.

-Штетите лично кај мене се големи. И тоа што го имав како род, се гледа дека ќе падне после овие врнежи. Имајќи предвид дека се најавуваат нови врнежи, поради спарното време можна е нова појава на град, што доколку се случи ќе го дотолчи и она што остана од родот, додава пехчевскиот овоштар.

Ваквите појави во минатото често ги оставаа овоштарите од пијанечко-малешевскиот регион без род. Претходно на повисоките места дел од родот измрзна поради ниските температури, а оние кои не го осигурале родот стравуваат дека овошките дополнително ќе бидат изложени на временските прилики кои според најавите на метеоролозите не им одат во прилог на овоштарите.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:gradградпехчевски регионсливи
Претходен напис Попладне невреме со грмежи, силен ветер и град
Следен напис Битиќи: Со електронските картички за српските туристи нема да се дестимулира домашниот туризам
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?