Во претпладневните часови ќе биде променливо облачно, во југозападните делови ќе има слаби врнежи од снег.
Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Наредните денови ќе имаме стабилно време со пораст на дневните температури.
