Времето утрово ќе биде студено со слаба магла по одделни котлини, а во текот на денот претежно сончево и релативно топло време. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот од север облачностa ќе се зголемува. Минималната дневна температура ќе се движи од -4 до 5 степени, а дневната во интервал од 18 до 25 степени.
Во Скопје сончево и релативно топло, во делови од котлината со слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Температурата ќе се движи од 2 до 20 степени.
Во четврток ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието што ќе предизвика во следните два дена опаѓање на температурата за неколку степени.
