Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен снег, а во пониските од дожд и снег. Во централните и источните делови ќе има сончеви периоди, но кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на утринска магла.
Во текот на ноќта и во вторник претпладне ќе има локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно, а нови врнежи од дожд и снег се очекуваат од четврток кон крајот на денот и во петок.

