Претпладне ќе биде умерено до значително облачно, по одделни котлини со појава на слаба магла.
Попладне облачноста делумно ќе се намали и ќе преовладува умерено облачно време, посончево во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје претпладне магливо и со значителна ниска облачност, преку денот умерено облачно. Максималната температура ќе достигне 13 степени.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:
0 Попова Шапка, 1 Берово, 2 Крива Паланка, Маврови Анови, 3 Демир Капија, 4 Лазарополе, Крушево, 5 Штип, Струмица, 6 Тетово, Куманово, Дебар, 7 Скопје-Петровец, Виница, Претор, 8 Скопје–Зајчев Рид, Битола, Прилеп, 9 Охрид, Гевгелија, Дојран.
