Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Времето денеска облачно, попладне дожд, а на планините снег
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Времето денеска облачно, попладне дожд, а на планините снег
Агропрогноза

Времето денеска облачно, попладне дожд, а на планините снег

Објавено 07/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Времето ќе биде претежно облачно, попладне почнувајќи од западните делови со врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови, кој кон крајот на денот ќе се промени во северозападен и ќе засилува вдолж Повардарието, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно, попладне со врнежи од дожд, пообилни во доцните попладневни часови. Во текот на ноќта во делови од Скопската котлина врнежите ќе преминуваат во снег. Претпладне ќе дува слаб до умерен југозападен, а попладне и кон крај на денот засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени.

Утре ќе дува силен северен ветер, температурата ќе се намали, а претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, информираат од УХМР.

Може да ви се допадне

Променливо и топло време со можност за краткотрајно невреме, најавуваат синоптичарите за следниот период
Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне нестабилно во планинските предели
Маврови Анови со најмногу дожд во изминатите 24 часа, денеска се очекува невреме низ земјава
Променливо облачно со повремен дожд и грмежи
Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Таг:временска прогноза
Претходен напис Ловното друштво „Беласица“ го стопира ловот на дива свиња
Следен напис Побарувачката на полиси за земјоделски површини во Македонија е многу мала – Зошто земјоделците не сакаат да се осигуруваат?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?