Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Временските услови оптимални за есенска сеидба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Временските услови оптимални за есенска сеидба
Агровести

Временските услови оптимални за есенска сеидба

Објавено 22/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Временските услови кои изминатите денови беа со периоди на сончево и релативно топло време, а на одделни места и со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен ветeр, се оптимални за есенската сеидба кај поледелските култури, велат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, од голема важност е да се запази рокот за сеење.

-Во тек е садењето на оделни градинарски култури, како и собирањето на преостанатите градинарски култури. Во винарството, виновата лоза е во фаза на подготовка за зимски одмор. Ова фаза почнува по полната зрелост, а завршува до опаѓањето на листовите. До опаѓањето, листовите се уште продолжуваат со својата фотосинтетска активност. Се случуваат и други физиолошки процеси во растението кои се насочени во складирање на резервни хранливи материи кои ќе бидат потребни за следната вегетација, созревање на ластарите, диференцирање на окцата и приготвување на зимски период за мирување. Кај овошните насади, кај некои доцни сорти, бербата се уште се изведува. Се препорачува да се применуваат правилни агротехнички мерки, снабдување на културите со потребните количества на хранливи материи со што се зголемува отпорноста кон зимски мразеви, како и примена на сертифициран семенски материјал со добри квалитетни сортни карактеристики што одговара на стандардите, истакнуваат агрометеоролозите.

Најдобро е, нагласуваат, да се земе семе од реонирани и селекционирани сорти со добра здравствена состојба и да се употребува квалитетно ѓубриво.

-Доколку временските услови дозволуваат, треба да се продолжи и со другите агротехнички мерки, додаваат агрометеоролозите од УХМР. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Временските условиесенска сеидба
Претходен напис Потрага по исчезнат стружанец во реонот на селото Брчево
Следен напис (ВИДЕО) Снимки од кометата што се гледа еднаш во 80 илјадалетија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?