Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вонредните контроли на АХВ продолжуваат и во главниот град
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вонредните контроли на АХВ продолжуваат и во главниот град
Агровести

Вонредните контроли на АХВ продолжуваат и во главниот град

Објавено 26/08/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По вонредните засилени контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведе во туристичките центри во земјава, покрај редовните контроли, инспекциските служби на АХВ продолжуваат со спроведување на засилени контроли на целата територија на државава. Во моментов во тек е спроведување на вонредни контроли  во угостителските објекти во целата земја.

Минатата недела спроведени беа засилени контроли во главниот град како честа туристичка дестинација. Контроли беа спроведени кај оператори со храна, вклучувајќи ги и пазарот Бит Пазар, познатата Пластичарска улица  и старата скопската чаршија како еден од најпосетуваните туристички дестинации во Скопје. Таму контроли беа спроведени кај 62 оператори –  кафе барови, ресторани, гостилници, сендвичарници, пекарници, слаткарници бурекџилници, ќебапчилници, месарници и чајџилници и други.

Вонредни контроли во Скопје минатата недела беа спроведени и кај оператори кои се занимаваат со трговија на производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната. Надзори се спроведени кај десеттина оператори и еден магацин за оваа категорија производи. Со контролите најдени се оператори со нерегистрирана дејност при што е наложено нивна регистрација.

Кај некои оператори со храна утврдени се недоследности во однос на хигиената за што е наредено спроведување на мерки за чистење и дезинфекција, немање санирани книшки за вработените, но и недоследности од поголем обем како што се ставање во промет на небезбеден производ, недеклариран производ, чување на храна ва амбиентална температура, а  пронајдени се и оператори  со нерегистрирана дејност.

Во тридневните спроведени вонредни контроли, инспекциските служби на АХВ издадоа 33 решенија за утврдените недоследности, а изречени се и 14 парични казни. Покрај ова изречени се и мерки за забрана за вршење на дејност до исполнување на условите, наредено е регистрирање на нерегистрираните оператори со храна, а како небезбедни уништени се 640 килограми храна од животинско потекло.

Инспекциските надзори на зелените пазари во главниот град продолжуваат и во наредниов период. 

Инспекциските служби на АХВ во петокот спроведоа надзор и во месарница во туристичкиот центар Охрид. Поради нечитка декларација и пласирање на небезбеден производ на пазарот, нештетно се уништени 10,7 килограми смеса од мелено месо. На правното лице изречена му е глоба од  1000 евра, а на одговорното лице во правното лице дополнителни 400 евра казна во денарска противвредност.

Покрај вонредните засилени контроли, инспекциските служби на АХВ продолжуваат со спроведување и на редовните контроли согласно Годишниот план.

Во првите 6 месеци од годинава  во внатрешниот промет спроведени се 24. 335 инспекциски контроли. Изречени вкупно 2 433 инспекциски мерки. Уништени 37,6 тони и 13.654 литри небезбедна храна. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Агенција за храна и ветеринарствоахвинспекцииконтрола
Претходен напис LOVOL RG70 КОМБАЈН ЗА ОРИЗ – Конфигурација со висок стандард. Единствено во НАЈК ПРОМ ДООЕЛ!
Следен напис Сончево и топло време, температура до 36 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?