Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Волшебното „село од разгледниците“, каде што е забрането пушење, а не може да се влезе ако не сте на листата на чекање
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Волшебното „село од разгледниците“, каде што е забрането пушење, а не може да се влезе ако не сте на листата на чекање
Магазин

Волшебното „село од разгледниците“, каде што е забрането пушење, а не може да се влезе ако не сте на листата на чекање

Објавено 03/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Едно од најодржливите села во светот, посветува големо внимание на безбедноста на локалното население и традиционалната архитектура, избегнувајќи ги стапиците на масовниот туризам.

Станува збор за „селото од разгледниците“, јапонското планинско село Ширакава, кое станало популарно ширум светот поради идилата што ја создаваат карактеристичните куќи со коси покриви, кои се нарекуваат гашо-зукури, а препознатливи се по сламените покриви кои потсетуваат на дланки склопени во молитва. На секои 20 години потребно е да се замени сламата на покривите, па не е невообичаено да ги видите селаните како имаат полни раце работа за куќите за да ја издржат ладната зима заедно со снежните врнежи.

Во зима, покриено со снег, ова село изгледа како од бајките, исто како божиќните и новогодишните разгледници.

Зачуваните дрвени куќички стари неколку века се на списокот на светско наследство и секако се најпрепознатливата разгледница во рурална Јапонија.

На едниот брег од реката е сместено музејско етно село, со куќи кои буквално се пренесени од околните падини. Во секоја од нив може да се влезе и да се запознае со начинот на градење, организација на животот и секојдневието. Има и предмети, алати, возила, облека и обувки, карактеристични за овие планински предели, кои изобилуваат со снег и имаат сурови услови за живот.

Фото/Facebook

На другиот брег на реката, сместено е „живото“ село, со куќи опкружени со мали оризови полиња и полиња со зеленчук. Дел од куќите локалното население ги пренаменило во кафулиња, продавници за сувенири и сл.

Фото/Facebook

На почетокот на 90-те ова бајковито село се нашло на листата на УНЕСКО, поради што пораснал бројот на туристите кои сакале да го видат.

Фото/Facebook

Малата рурална заедница од 1.600 жители годишно ја посетувале и до 2,15 милиони туристи од сите краишта на светот.

Фото/Facebook

Меѓутоа, од 2019 година власта одлучила да го ограничи посетувањето на туристите креирајќи листа на чекање, а наредната година Ширакава повторно го разбудила интересот затоа што се нашла на холандската листа на најодржливи дестинации на светот.

Фото/Facebook

Освен животот во состав со природата и избегнување на масовен туризам тие се пофалиле и со строгите мерки за заштита од пожари во јапонското село, поради тоа во селото забрането е да се пушат цигари за да се спречат незгоди.

Фото/Facebook
Фото/Facebook

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:рурален туризамсело
Претходен напис Горивата поскапуваат од 1,5 до 2 денари
Следен напис Наутро магла, преку ден сончево со слаб ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?