Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Волци повторно забележани на пониските места во Пијанечко-малешевскиот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Волци повторно забележани на пониските места во Пијанечко-малешевскиот регион
Агровести

Волци повторно забележани на пониските места во Пијанечко-малешевскиот регион

Објавено 16/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Недостигот од храна во шумските предели кои беа опожарени во Пијанечко-Малешевскиот регион повторно ги натера волците да се спуштат во блиските села. Во последниот случај волк е забележан во центарот на село Владимирово.

Волкот како што велат жители е виден уште пред две недели во близина на црквата, а ова е прв пат како е забележан и во самото село.

– Волкот не беше агресивен, си одеше по патот и си продолжи по улицата надолу од првата продавница. Не беше голем и не правеше никакви проблеми, вели жителка на Владимирово.

Други жители додаваат дека најмалку 5 волци во изминатиот период се забележани во атарот на ова беровско село. Последен пат како што додаваат тие еден од нив е забележан во близина на селската црква.

Иако волците се забележани и на други локации засега како што додаваат не е регистрирана поголема штета врз стоката која ја одгледуваат сточарите од Пијанечко-Малешевскиот регион.

Освен волци во Беровско деновиве во повеќе рурални средини како што информираат земјоделци, забележливи се диви свињи во неколку делчевски села. На удар на дивите свињи е се уште несобраниот род, пченката и компирот кој вообичаено се ,,прибира” од нивите на почетокот на есента. Ловџиите кои се подготвуваат за почетокот на ловната сезона која стартува на 1 октомври ја потврдија информацијата, додавајќи дека главната причина за нивно „спуштање“ во пониските средини е недостигот на храна. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:волци
Претходен напис Утре натпросечно топло, за викендот врнежи
Следен напис Бачовски: Во текот на утрешниот ден ќе продолжат исплатите за малите земјоделски стопанства (1.18) каде ќе бидат исплатени 656 субјекти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?