Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Војната во Иран влијае врз европските економии, закана од стагфлација во еврозоната
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Војната во Иран влијае врз европските економии, закана од стагфлација во еврозоната
Агровести

Војната во Иран влијае врз европските економии, закана од стагфлација во еврозоната

Објавено 25/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Војната во Иран ги зголеми трошоците, ја еродираше довербата и го забави растот на производството кај компаниите во Европа и Обединетото Кралство, покажуваат новите податоци од бизнис анкетите.

Раниот увид во глобалното влијание на конфликтот врз економиите доаѓа од најновите податоци од Индексот на менаџерите за набавки (PMI), што се темели на анкети меѓу директорите во производствениот и услужниот сектор.

„Војната на Блискиот Исток ја погоди економијата на Велика Британија во март, запирајќи го растот на производството и во исто време давајќи силен поттик на инфлацијата“, рече Крис Вилијамсон, виш економист во „S&P Global“, што ги собира податоците за PMI.

Вилијамсон додаде дека целосниот ефект врз инфлацијата и економскиот раст ќе зависи од времетраењето на војната и должината на прекините на енергетските пазари и поморскиот сообраќај.

Војната, исто така, имаше исклучително негативен ефект врз економијата на Еврозоната. Растот на производството во 21 земја што го користат еврото во март „забави речиси до стагнација“, главно поради падот на деловната доверба, рече Вилијамсон.

„Трошоците на компаниите растат со најбрзо темпо во последните повеќе од три години поради порастот на цените на енергијата и нарушувањата во синџирите на снабдување предизвикани од војната“, рече тој во посебен извештај.

Податоците, додава тој, „вклучуваат аларм за стагфлација во еврозоната“, односно ситуација во која економијата стагнира додека инфлацијата расте. Во такви околности, платите честопати не го следат растот на цените, а централните банки реагираат со зголемување на каматните стапки, што врши дополнителен притисок врз економската активност.

Истражувањата покажуваат дека почетните вредности на PMI во Обединетото Кралство и Еврозоната се сè уште над нивото од 50 поени, што укажува на раст на активноста, но тие нагло паднаа во споредба со претходниот месец, на најниските нивоа за шест, односно десет месеци.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:влијаеВојнатаеврозонатаевропските економииИран
Претходен напис Отворен ден со Царинската управа денеска во Куманово
Следен напис Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?