Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Водостопанската подружница „Брегалница“ ги почна подготвките за новата сезона за наводнување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Водостопанската подружница „Брегалница“ ги почна подготвките за новата сезона за наводнување
Агровести

Водостопанската подружница „Брегалница“ ги почна подготвките за новата сезона за наводнување

Објавено 13/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани почнаа со чистење и оспособување на каналската мрежа пред почетокот на новата наводнителна сезона на оризовите полиња во регионот.

Со механизација се чистат земјени канали во должина од над триесетина километри на територијата на општина Чешиново-Облешево, во атарите на селата Кучичино, Бурилчево и Чифлик, а во текот на февруари и март треба да се оспособат уште околу 200 километри канали на подрачјето што го опфаќа хидросистемот.

– Иако хидролошката состојба е неповолна и реките имаат исклучително низок водостој за овој период од годината, во моментот во браната Калиманци се акумулирани 51 милион кубни метри вода, што е околу 45 отсто од нејзиниот максимален капацитет. Тоа е резултат на домаќинското и планско работење во претходната наводнителна сезона, со што успеавме да заштедиме околу 35 милиони кубни метри, што во споредба со сезоната 2020-2021 е повеќе од двојно зголемување, истакна Благојчо Богатинов, раководител на водостопанската подружница „Брегалница“.

Тој рече дека со досегашната динамика на полнење на акумулациите, ако во наредниот период нема пообилни врнежи, ќе се обезбедат минималните 80 милиони кубни метри вода, за да почне наводнувањето во текот на април.

– Веќе имаме такво искуство од пред две сезони кога со слични количини успешно го завршивме наводнувањето во целиот регион, додаде Богатинов.

Подготовките на планот за наводнување на оризовите полиња, што вообичаено се реализираа со почетокот на годината, ќе бидат одложени за неколку недели, односно ќе се прават според хидролошката состојба во текот на февруари. Од тоа ќе зависи дали ќе има намалување на површините со ориз, кој во претходната сезона беше засеан на околу 4.100 хектари.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:брегалница
Претходен напис Времето денеска променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди
Следен напис Повеќе од 15.000 холандски туристи се очекуваат во Охрид оваа година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?