Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Водата од валандовскиот водовод повторно да се користи за целосна употреба, одобри Агенцијата за храна и ветеринарство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Водата од валандовскиот водовод повторно да се користи за целосна употреба, одобри Агенцијата за храна и ветеринарство
Агровести

Водата од валандовскиот водовод повторно да се користи за целосна употреба, одобри Агенцијата за храна и ветеринарство

Објавено 24/07/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Водата од градскиот водовод на Валандово од денес е повторно во целосна употреба во согласност со документот издаден од надлежната Агенција за храна и ветеринарство, со кој се укинува досегашната забрана за пиење на водата – соопшти денеска на прес-конференција градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев.

Првичната информација се објави во средата преку соопштение на ЈП „Комунален сервис“ од Валандово, во кое беше наведено дека во согласност со добиените резултати од Институтот за јавно здравје во Скопје во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен, па поради тоа се препорачува да не се користи за пиење. Вчера, пак, градоначалникот Камчев, презентира нови резултати од вондредна анализа спроведена од овој Институт, во која е наведено дека измерената концентрација на арсен е 1,47 микрограм на литар, односно влегува во дозволените граници.

– Валандово како град, и населените места Чалакли, Дедели и Раброво, беа засегнати од квалитетот и безбедноста на водата за пиење во изминатиот период. Бевме сведоци на ситуација во која многумина наседнаа на одредени приказни водени паралелно со ситуацијата во Гостивар. Можам слободно да кажам и поради тоа што бев директор на јавното комунално претпријатие пред 15 и повеќе години, дека квалитетот на водата во Валандово од она што го гледам во анализите не е променет од тогаш до денес. Бунарскиот систем што го користи Валандово постои од 1989 година – посочи Камчев.

Според документите од Институтот за јавно здравје во Скопје, кои денес Камчев ги презентира на јавноста, од ноември до сега, односно од поставувањето нов в.д. директор на комуналното претпријатие по последните локални избори, направени биле двете задолжителни контроли на водата, во кои, меѓу другото, се проверуваат и тешките метали, а законски се пропишани да се прават двапати во годината во согласност со правилникот на Агенцијата за храна и ветеринарство.


– За да нема забуна во јавноста, редовните примероци се земаат и испитуваат еднаш или двапати во неделата во зависност од ситуацијата и немаат врска со овие периодични анализи, кои се задолжителни за комуналното претпријатие двапати годишно. На 26.1.2026 е направена првата ваква анализа, од кога сум јас градоначалник на Валандово, а на 2.7.2026 е направена втората – рече Камчев.

Тој објасни дека поради покажаната повисока вредност на втората анализа, која изнесувала 14 микрограми на литар присуство на арсен во водата, на 20 јули побарал нова вондредна анализа, која бидејќи се однесувала само на проверка на металите, се изработила во побрз рок и за три дена, односно на 23 јули ги добиле резултатите за нормално прсуство на арсен од 1,47 микрограм на литар.

– Не можам да дадам целосни одговори, но сметам дека во периодот кога се почнува со поголемо пумпање на водата од изворите, веројатно тогаш одредени таложени елементи, кои се сепак присутни во траги, ја даваат повисоката вредност – смета Камчев и додаде дека ја повикува јавноста да ги следи препораките и анализите од стручната јавност, а не од коментари на социјалните мрежи.

Во текот на наредниот период, најави тој, ќе се прават уште вондредни анализи на водата за да се следи нејзиниот квалитет.


– Но што се случувало во изминатите осум години? Во 2025 година е направена вондредна анализа на манган во водата, која никаде ја нема во архивите на комуналното претпријатие. Исто така, иако имале обрвска во 2024 да направат две анализи, во согласност со спомнатиот правилник, направена е само една периодична анализа, каде што концентрација на арсен е 1,282, значи блиску до сегашната вредност. Во 2025 немаме две законски периодични анализи, во 2023 е направена само една, со вредност на арсен 1,84, во 2022 има само една периодична анализа, но нема испитувани хемиски елементи, односно арсен – соопшти Камчев.

Според него, од 2018 до 2021 година воопшто не биле правени вакви анализи.

– Ќе поставам прашање до СДСМ антитоксична да ни дадат одговор на овие прашања бидејќи од осум години, колку што имаат раководено со комуналното прептријатие, тие од потребните 16 периодични широки анализи на водата, имаат направено само две. Да им одговорат на граѓаните дали во тој перод навистина имаат направено анализи или немаат заведено во архивата затоа што не им одговарало или не си ја извршиле својата должност сите директори што во тој период беа на функција во ова прептријатие – рече градоначалникот на Валандово.

Тој ги повика сите надлежни институции да влезат во јавното комунално претпријатие и да направат контрола за да им дадат одговор на граѓаните за вистинската состојба со водата и работата на комуналното претпријатие во изминатите години.

МИА

Може да ви се допадне

Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
Граѓаните да пријават штета од невремето, повикаа од општинскиот кризен штаб Куманово
Нова тревога меѓу сточарите во земјава: Уништени околу 2.700 овци поради појава на сипаници
Цената на нафтата надмина 100 долари поради ескалацијата на кризата на Блискиот Исток
Во Крушево водата е бактериолошки неисправна, да се пие само пакувана
Таг:АХВваландовскиот водоводВодатакористи
Претходен напис УХМР: За викендот стабилно време, в понеделник повторно дожд
Следен напис Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?