Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Во Живо) Прес-конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трипуновски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (Во Живо) Прес-конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трипуновски
Агровести

(Во Живо) Прес-конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трипуновски

Објавено 28/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска пристигна официјално известување од Европската комисија, Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој, дека средствата од ИПАРД-програмата се повторно достапни за македонските земјоделци. Во согласност со навреме преземените активности, направената целосна и детална контрола за користење на ИПАРД-средствата, утврдено е дека нема неправилности во постапките. Тоа значи дека системот функционира, институциите постапуваат одговорно, транспарентно и во интерес на македонските земјоделци – соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Трипуновски на прес-конференција објасни дека Брисел никогаш не ги блокирал средствата, туку дека во моментот кога излезе во јавност случајот со злоупотребата на претходниот директор на Платежната агенција, се активира националниот механизам, кој го извести Брисел.

– Го известивме Брисел дека е потребно да се изврши вонредна контрола со цел да не се дозволи да се фрли црна дамка, со што инициравме на транспарентен начин да се проверат сите активности поврзани со средствата од ИПАРД-фондовите. Тоа беше препознаено како одличен чекор од Брисел, со тоа што навремено се интервенира во оваа ситуација. Следуваше темелна проверка од ИПАРД-структурата по што се достави сеопфатна информација до европските институции во согласност со воспоставените процедури.

Министерот упати порака до земјоделците – да продолжат да аплицираат, да инвестираат и да го развиваат производството.

– Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство стојат зад вас. Продолжуваме со инвестиции, модернизација и развој на овој важен сектор за нашата држава. Ќе продолжиме со уште позасилено темпо да работиме посветено, чесно и одговорно во интерес на граѓаните, со нулта толеранција за злоупотреби, со целосна транспарентност и со максимална поддршка за македонските земјоделци – нагласи министерот Трипуновски. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделствопрес-конференцијаТрипуновскишумарство и водостопанство
Претходен напис МФ: Речиси три милиони евра нова транша од Буџетот за поддршка на домашните компании, досега пласирани над 227 милиони евра
Следен напис Од четврток дожд и опаѓање на температурите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?