Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВО ЖИВО) Потпишување на финансиската спогодба за ИПАРД 3
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВО ЖИВО) Потпишување на финансиската спогодба за ИПАРД 3
Агровести

(ВО ЖИВО) Потпишување на финансиската спогодба за ИПАРД 3

Објавено 02/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Скопје денеска ќе се одржи официјалниот настан за потпишување на финансиската спогодба за ИПАРД 3. Спогодбата ќе биде потпишана од вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир.

По потпишувањето, најавени се обраќања на Маричиќ, Гир, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Вкупната вредност на новата ИПАРД 3 Програма изнесува 97 милиони евра. Станува збор за европски неповратни сретства наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство. Првите 30 милиони евра веќе се на располагање за инветиции со првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата за мерките 1 и 7.

Мерката 1 се однесува на инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, а приоритетни сектори се: растително и сточарско производство, производство на риба, преработка и маркетинг на сопствено земјоделско производство и инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби.

Мерката 7 е за диверзификација на фарми и развој на бизниси, а приоритетни сектори се: алтернативно земјоделско производство, преработка на алтернативни земјоделски производи, производство на прехранбени производи и пијалаци, производство на непрехранбени производи, поддршка на занаетчиски активности, поддршка на услуги за рурално население, поддршка на услуги во земјоделство и поддршка на рурален туризам. 

Може да ви се допадне

Европскиот пазар се затвора за Бразил: ЕУ го ограничува увозот на месо, јајца и мед
(ВИДЕО) Со помош од државата винарските визби ќе го откупат целото винско грозје
(ВИДЕО)Јанчев: Откупот на грозјето е почнат, да нема параноја, оваа година организацијата е на ниво!
Поради сушата некои култури повеќе нема да напредуваат во некои региони, предупредува извршната директорка на Европската агенција за животна средина
ЈУ Национален парк „Пелистер“: Целосно изгаснат пожарот на Пелистер
Таг:ИПАРД 3Потпишување
Претходен напис Англија забрани пластичен прибор за јадење и чинии за еднократна употреба
Следен напис Финансиска спогодба за ИПАРД 3, се прошируваат можностите за инвестирање во земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?