Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Земјоделското училиште во Кавадарци наградени учениците кои произвеле најквалитетни вина во домашни услови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Земјоделското училиште во Кавадарци наградени учениците кои произвеле најквалитетни вина во домашни услови
Агровести

Во Земјоделското училиште во Кавадарци наградени учениците кои произвеле најквалитетни вина во домашни услови

Објавено 02/12/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Награди за најквалитетни вина произведени во домашни услови, добија денеска неколкумина средношколци во Кавадарци во рамките на манифестацијата „Младо вино“, што традиционално се одбележува при крајот на секоја година во Тиквешијата, како најголем лозаровинарски регион во државата. 

Директорката на средното земјоделско и шумарско училиште „Ѓорче Петров“, Ратка Росомански потсети дека станува збор за традиционален и многу значаен настан. 

– Овој настан е повеќе од училишна манифестација – тој е празник на нашата локална традиција, на семејните вредности и на трудот што го негуваме со генерации. Годинава, учениците донесоа примероци од домашно произведени семејни вина, создадени во нивните семејства, што ја чуваат и пренесуваат лозарската традиција од колено на колено, истакна Росомански.

Таа нагласи дека наградените вина се произведени во домашни услови, а учениците во нив ги вградуваат семејната традиција што од дамнина се негува во овој крај, со знаењата стекнати низ теоретската и практичната настава во училиштето. 

– Денес со гордост ја претставуваме и училишната линија на вино, изработена во нашата училишна винарија, од грозје од лозовите плантажи на училиштето. Со голема посветеност, под раководство на професорите, учениците учествуваа во секој чекор на изработката од бербата, преку технологијата на преработка, до финалното претставување. Овие примероци се изложени тука пред вас, како доказ за тоа какви практични знаења и вештини стекнуваат нашите ученици. Тоа е нашата заедничка гордост, подвлече директорката. 

Таа додаде дека особена чест им е што сите вина и семејните и училишните, ги оценија еминентни енолози, од Здружението на енолози на Македонија.

– Нивното стручно мислење претставува голема вредност и силна мотивација за младите. Сакам од срце да им се заблагодарам и на нашите пријатели од Музеј-галерија Кавадарци, кои подготвија прекрасна изложба што денес го разубавува просторот на училиштето. Со тоа успеавме да споиме образование, култура и традиција во една убава целина, додаде Росомански.

Таа рече дека се наградуваат најуспешните примероци, но, се слави и трудот на сите ученици, нивните семејства и професорите. 

– Честитки до сите, за вложената работа, за ентузијазмот и за желбата да се зачува и унапреди лозарско-винската традиција на нашиот крај, нагласи Росомански. 

Таа потсети дека целта на ваквите настани, меѓу другото, е, да се нагласат вештините на учениците, кои, подоцна во животот, благодарение на тие вештини и знаења, може да отворат свои семејни бизниси. 

– Впрочем, тоа е и мотото на училиштето. Денеска ученик, утре стручњак. А, голем број од нашите ученици, подоцна се докажани кадри во своите професии, како истакнати стручњаци, но и како сопственици на семејни бизниси, посочи директорката во изјава за МИА. 

Во ова училиште, освен земјоделски и шумарски смерови, од пред неколку години има и фармацевтска струка, спортска академија, а од годинава и медицинска струка. 

Во овој период од годината, во Тиквешко како најголем лозаривинарски регион во државата, се организираат бројни настани посветени на младото вино. Притоа се нагласува дека во ова време од годината се оценуваат младите вина, за да се види нивниот потенцијал, какви ќе бидат кога ќе созреат. За вината што денеска беа дегустирани, беше кажано дека имаат огромен потенцијал. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:винаЗемјоделското училиштеКавадарциучениците
Претходен напис Се интензивира откупот на тутунот
Следен напис Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?