Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Велика Британија се појави болест која се шири од кучињата на луѓето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Велика Британија се појави болест која се шири од кучињата на луѓето
Агровести

Во Велика Британија се појави болест која се шири од кучињата на луѓето

Објавено 20/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кучешка болест која за прв пат се шири меѓу кучињата во Велика Британија зарази три лица.

Неизлечивата состојба, наречена „Бручела канис“ (Brucella canis), може да доведе до неплодност, куцање и болка кај кучињата. Но, сега три лица за првпат се заразиле со бактериска инфекција, објави Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија.

Болеста е ендемична на места како што е Источна Европа, а претходно болеста беше забележана само во изолирани случаи кај животни увезени од регионот, но сега случаите кај кучињата во Велика Британија вртоглаво се зголемија, со рекордни 91 забележани само оваа година.

Експертите веруваат дека новите случаи доаѓаат од контакт помеѓу британските кучиња и увезените кучиња во одгледувачниците, како и потомството увезено од одгледувачите. Имаше само девет случаи во 2020 година, па се искачи на 36 следната година и повторно на 55 во 2022 година.

До јули оваа година, во Велика Британија беа идентификувани 91 случај, според владиното истражување. Меѓувладината група „Human Animal Infections and Risk Surveillance“ (HAIRS) рече дека иако ризикот за човечката популација е низок, одгледувачите на кучиња, луѓето кои работат на ветеринари или одгледувачници и сопствениците на заразени кучиња, имаат поголем ризик од изложеност на заразени кучиња.

Тешките случаи може да бидат опасни по живот, а имунокомпромитираните лица се изложени на поголем ризик. Во новиот извештај објавен за Бручела канис, HAIRS рече дека вкупно три случаи на човечка инфекција се потврдени во Велика Британија.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:болестВелика Британијакучињаталуѓето
Претходен напис Приведени две лица од кумановско, превезувале огревно дрво без документација
Следен напис За прв пат од оваа година, авансна исплата во износ од 40% за младите кои ќе добијат грант за мерката „Млад земјоделец“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?