Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Велешко почна симулациската вежба за справување со болеста африканска чума кај свињите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Велешко почна симулациската вежба за справување со болеста африканска чума кај свињите
Агровести

Во Велешко почна симулациската вежба за справување со болеста африканска чума кај свињите

Објавено 11/03/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Каква е подготвеноста и ефективноста на системот за справување со болеста африканска чума кај свињите при евентуална нејзина појава, но и кои  мерки треба да се преземат за негово подобрување, се дел од прашањата на кои во рамки на симулациската вежба за болеста африканска чума кај свињите, денеска и утре во Велес и во Башино село, одговори ќе бараат експерти од Европската унија и од Македонија, претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и од други институции и  невладини здруженија и федерации. 

– Согласно Одлуката  за планови за итни мерки кај животните, а во врска со Законот за ветеринарно здравство, како раководител на Националниот центар  за контрола на болеста,  за исклучително важна за нас како држава и институција  ја оценувам можноста за соработка на меѓународните и домашните експерти за справување со болеста африканска чума кај свињите, болест со која и ние како држава и институција бевме исправени пред предизвикот да се справуваме. Од голема важност е и  можноста за спроведување на обука за справување со оваа болест, во рамки на оваа симулациска вежба, која се одржува во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации  – (FAO). Токму овие два дена  ќе бидат основа за тоа како треба да се дефинираат и реализираат идните постапувања при евентуална итна кризна или вонредна состојба при појава на болеста, која го загрозува здравјето или благосостојбата на животните и претставува закана  не само за питомата, туку и за дивата популација свињи, за што бевме сведоци во минатото, рече на денешното отворање на симулациската вежба во Велес директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Оливер Миланов. 

Целта на вежбата, истакна тој, е да се  спроведат мерките и процедурите во случај на појава на сомнеж, или потврда на болеста, активности кои треба да ги реализираат, одгледувачите, институциите и операторите, а кои ќе значат тестирање на функционирањето и поставеноста на Националниот центар и на локалните центри за  контрола на болести. 

-Активностите кои ќе се спроведат во рамки на симулациската вежба се однесуваат и на собирање на податоци и нивна анализа и следствено на тоа, донесување на правни акти со цел регулирање на постапките од страна на официјалните ветеринари за понатамошно функционирање, рече Миланов. 

На вежбата ќе презентирана моменталната состојба со болеста  африканска чума кај свињите во Европа и во земјава,  а освежени ќе бидат и знаењата во однос на начинот на земање на примероци и дијагностицирање на болеста, пакување на мострите, нивно обележување и транспорт, спроведување на епидемиолошка истрага, воспоставување на инфективни зони, благосостојба за време на убивање и други теми од областа. Теренскиот дел од вежбата ќе се спроведе во кланица, каде ќе бидат демонстрирани постапките за омамување и земање примероци.

Симулациската вежба ќе биде основа за развој на стратегија за контрола домашната  и дивата популација свињи, како и за креирање на новиот концепт на Национален план за итни мерки  и  оперативен прирачник за болеста африканска чума кај свињите.

АХВ

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:африканска чумаболеставелешкоСимулациската вежба
Претходен напис Доларот благо зајакна, цените на нафтата стагнираат
Следен напис МЖСПП: Нови финансирања за унапредување на природата и биолошката разновидност на Зелената агенда за Западен Балкан
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?