Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Велес засадени над 3.000 садници по повод Денот на Европа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Велес засадени над 3.000 садници по повод Денот на Европа
Агровести

Во Велес засадени над 3.000 садници по повод Денот на Европа

Објавено 13/05/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повеќе од 3.000 нови садници беа засадени во опожареното подрачје кај езерото „Младост“ во Велес, како силна порака дека Денот на Европа се одбележува и преку конкретна грижа за природата, заедницата и иднината. Во заедничката акција „Наша Европа, растеме заедно“ учествуваа ученици, студенти и волонтери, заедно со дипломати од Европската Унија, Општина Велес, невладини организации, партнери и членови на локалната заедница.

Акцијата се одржа вчера, во рамки на одбележувањето на Денот на Европа, со цел обновување на уништениот шумски појас кај езерото „Младост“. Преку заедничко садење, учесниците дадоа директен придонес кон обнова на просторот и испратија порака за солидарност, одговорност и заедничка грижа за животната средина.

-Ангажманот на младите луѓе во оваа иницијатива беше од особено значење, бидејќи ја покажа нивната подготвеност активно да се вклучат во заштитата на природата и во создавањето позелена иднина. Акцијата ја поттикна соработката меѓу институциите, младите, граѓанските организации и локалната заедница, претворајќи го одбележувањето на Денот на Европа во видлива и корисна активност на терен, се наведува во соопштението од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Акцијата беше спроведена со стручна поддршка на терен од ЈП Национални шуми, подружница Велес, при што учесниците добија насоки за правилно садење, видовите садници и значењето на пошумувањето за обновување и заштита на локалниот екосистем.

Настанот го отвори Мартин Шродер, заменик-шеф на политичкиот сектор на Делегацијата на Европската Унија, во присуство на Вилма Дамбраускиене, амбасадорка на Литванија, словачката амбасадорка Ивета Хрикова, претставници од Амбасадата на Грција и градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев.

Акцијата беше дел од пошироката програма за одбележување на Денот на Европа, преку која Делегацијата на Европската Унија, земјите членки на ЕУ и мрежата на Јуроп хаус го носат духот на „Наша Европа“ во повеќе градови низ земјата.

Со оваа иницијатива, Велес испрати порака дека грижата за природата почнува со заедничко делување. Засадените садници се трага што ќе остане за следните генерации и претставуваат трајно вложување во почиста животна средина, посилна локална заедница и позелена иднина.

Делегација на Европската Унија

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:3.000 саднициВелесДенот на Европа
Претходен напис АХВ: Животното пронајдено во Козле е куче, а не волк, сопственикот си го бара назад
Следен напис Најмалку 12 повредени во поплави во Турција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?