Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Велес порибени Вардар со 200 килограми крап, а Тополка и Бабуна со 80 килограми пастрмка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Велес порибени Вардар со 200 килограми крап, а Тополка и Бабуна со 80 килограми пастрмка
Агровести

Во Велес порибени Вардар со 200 килограми крап, а Тополка и Бабуна со 80 килограми пастрмка

Објавено 31/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Здружението на Спортски риболовци „Бабуна“ на неколку локации од велешкиот ревир изврши порибување со 200 килограми подмладок на риба крап на реката Вардар и со 80 килограми подмладок риба пастрмка на реките Тополка и Бабуна.

Како што информира Даниел Наумовски, претседател на ЗСР „Бабуна“ ова е годишно порибување согласно обврските на здружението кон Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а самото порибување го надгледувал инспекторот за земјоделство и водостопанство Димче Купенков.

Наумовски појасни дека порибувањето  на Тополка и Бабуна било извршено со пастрмка  бидејќи  оваа риба опстојува само во чисти води. Посочи дека годинава од страна на ЗСР „Бабуна“ не е извршено порибувањето на езерото „Младост“ како концесионер на водите на ова езеро, бидејќи според препораката на Хидробиолошки завод од Охрид, кој оваа година изврши анализа на земени мостри на  вода,  водата на велешкото езеро „Младост“ не е исправна и не е добро да се пушти подмладок на риба.

-Затоа годинашното порибување на езерото „Младост“ го одложивме  за понатаму во новата 2025 година, кога езерото ќе биде надополнето со свежа вода и водата ќе биде чиста и исправна за да може да се одгледа подмладокот, најави Наумовски.

Информира дека порибувањето на реките Вардар, Тополка и Бабуна било извршено пред неколку дена и додаде оти не биле повикани медиумите. Медиумите, како што рече, се известени сега  затоа што  во изминатите години имало случаи веднаш по објавувањето на веста за порибување,  рибокрадци веднаш да отидат на локациите каде е порибено и  да го уловат подмладокот и со тоа да нанесат огромна штета по подмладокот на рибниот фонд.

Како и во изминатите години, подмладокот на риба крап и пастрмка од страна на ЗСР „Бабуна“ бил набавен од фирмата за одгледување подмладок на риба „Акватика“ од Неготино. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:200 килограми крапбабунаВардарВелеспастрмка
Претходен напис На новогодишната ноќ стабилно и суво време
Следен напис Почнува примената на казнените одредби од Законот за нефер трговски практики, глоби до 20.000 евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?