Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Тетово се одржа едукативен семинар за поголема стандардизација во одгледувањето украсни птици
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Во Тетово се одржа едукативен семинар за поголема стандардизација во одгледувањето украсни птици
Магазин

Во Тетово се одржа едукативен семинар за поголема стандардизација во одгледувањето украсни птици

Објавено 22/10/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здружението „Дијамантски петел“ од Тетово изминатиов период беше домаќин на Првиот едукативен семинар за професионално одгледување украсни птици во организација на Македонскиот сојуз на здруженија. Целта е одгледувачите на украсни птици да се запознаат како попрофесионално да ги одгледуваат, а воедно како да се добијат автохтони раси кои, откако ќе ги задоволат многу строгите критериуми и стандарди, ќе можат да бидат признаени и во меѓународни рамки.

-Кај нас има многу одгледувачи на украсни птици, но проблемот е тој што одгледувачите не пазат на стандардите при нивното одгледување, па најголемиот дел од нив си тераат по свое, и кој како што знае и умее. На таков начин не може да се добие квалитет. Затоа со овој едукативен семинар сакаме овие одгледувачи на украсни птици да ги едуцираме како одгледувањето да го подигнат на повисоко ниво. Она што секој сериозен одгледувач на украсни птици треба да го знае е дека секоја раса си има свој стандард, односно како до перфекција треба да изгледа птицата. На пример не треба да гледаме кокошката да биде за нас убава, туку ако е одредена раса треба да ги има сите обележја кои се одредени според европски стандарди, тоа е најбитното, вели Ванчо Илиевски, претседател на Здружението „Дијамантски петел“.

Гулабот „Македонски вртач Дунек“ е првиот успех на македонските одгледувачи во насока на стандардизација и заштита на европско ниво како автохтона македонска раса. Според нив, така може да се направи со уште речиси десетина видови на македонски кокошки и гулаби.

-Ние ја имаме расата „Македонска џинка“, стара раса кокошки која сакаме да ја стандардизираме и да се патентира нејзиниот изглед, но за да го постигнеме тоа имаме уште многу работа. Често пати добиваме не уедначени резултати, не секогаш имаат иста боја, некои се со пердуви на нозете, или гаќи како ги викаме, а некои немаат. Сега ги одредивме стандардите како оваа раса треба да изгледа и работиме на тоа секогаш да се добиваат исти резултати. Само така оваа домашна раса кокошки ќе може да биде меѓународно признаена, објаснува Илиевски.

Веќе подолго време се работи да се стандардизира „Тетовскиот краткоклун гулаб“.

-Ова е тетовска раса гулаб. Застапена е најмногу во Тетово, а во Македонија послабо ја има. Јас имам 15 парови од овој вид гулаби. Негова карактеристика е „ружата“ од пердуви што ја има на вратот и тоа е негова уникатна карактеристика. Ситен е по градба и е „босоног“, односно нема пердуви или „гаќи“ на нозете. Неговото око е жолто, а клунот треба да му биде според одреден стандард. На опашката треба да има десетина пердуви. Имаме и отпечатено материјал како треба да изгледа овој вид гулаб, тоа сега треба да го преведеме и на англиски јазик и да направиме промоција на оваа наша раса гулаби, изјави Дончо Марковски одгледувач од Брвеница.

Една поинаква приказна нуди гулабот „Персиски мʼсарки. Тие не се автохтони, но се меѓу ретките кои се одомаќиниле.

-Овој раса гулаби е донесена од Персија, најверојатно Турците ја донеле овде кај нас пред многу векови. Тоа е многу благородна птица и пред сè е украсна птица која е многу приврзана за својот дом и ретко може да се случи да отиде во туѓ двор или ќумез. Постои голема опасност оваа птица да исчезне на овие простори бидејќи на прсти можеш да ги изброиш оние кои ја чуваат овој вид гулаб. Најчесто одгледувачите чуваат по еден или по два гулаби од оваа раса, а јас ги имам 50. Сега работиме и на нејзина стандардизација со цел да биде признаена како автохтона македонска птица бидејќи таа е одомаќена на овие простори и ја нема на друго места, изјави одгледувачот Љупчо Балкански.

Едукативниот семинар беше прилика и за пригодна изложба на над дваесетина одгледувачи. Одгледувачите сметаат дека имаат голем напредок во своето организирање. По повеќето здруженија во градовите и местата ширум Македонија, во 2014 година е формиран Сојуз на здруженија на одгледувачи на расни птици и ситни животни. Во 2022 година Сојузот станал полноправен член на Европскиот сојуз на одгледувачи на расни птици.

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:СеминарТетовоУкрасни птици
Претходен напис МЗШВ: Во тек е јавен повик за набавка на педигриран добиток, краен рок за аплицирање – 16.11.2023 година
Следен напис Времето релативно топло, во четврток и петок локални врнежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?