Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во текот на денешниот ден се очекува да се повлечат тракторите од граничниот премин Евзони
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во текот на денешниот ден се очекува да се повлечат тракторите од граничниот премин Евзони
Агровести

Во текот на денешниот ден се очекува да се повлечат тракторите од граничниот премин Евзони

Објавено 22/01/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По 53 дена поминати на блокадата, во текот на денешниот ден се очекува грчките земјоделци заедно со нивните трактори да се повлечат од граничниот премин Евзони кон нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчките земјоделци, по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во понеделникот, одржаа состаноци на блоковите го разгледаа исходот од разговорите и донесоа одлуки постепено да се повлечат од патиштата и граничните премини.

До утре се очекува сите земјоделци да ги тргнат тракторите од улиците.

Земјоделците од делови на северна Грција на 1 декември ги паркираа нивните трактори на грчката страна од граничниот премин Евзони и подолг период, на неколку часа го блокираа сообраќајот на сите возила за влез и излез од земјата.

Денеска, според информациите на дописничката на МИА од Атина, земјоделците ќе се повлечат од Евзони, а во текот на следниот месец веројатно ќе се сретнат со министерот за земјоделство Костас Циарас.

Протестите на земјоделците од цела Грција започнаа на 30 ноември со постепено поставување блокади на клучни локации на автопатиштата во земјата, но и на граничните премини кон нашата земја, кон Бугарија и кон Турција. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:денешниот денЕвзониТракторите
Претходен напис ХЕМОМЕТАЛ: Искусете го олицетворението на моќта и разновидноста со Solis S125
Следен напис Е-трговијата во ерата на вештачка интелигенција: Каде е Северна Македонија?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?