Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бочварски: Се очекува подготвителните работи за автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка” да завршат до крајот на годината
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Бочварски: Се очекува подготвителните работи за автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка” да завршат до крајот на годината
Рурален Развој

Бочварски: Се очекува подготвителните работи за автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка” да завршат до крајот на годината

Објавено 19/09/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По заокружувањето на новата постапка за избор на надзор и консултант за автопатите што ќе ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка”, подготвителните работи се очекува да завршат до крајот на годината, а по проектирањето и експропријацијата во текот на следната година да има работа на терен, информираше денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

При посетата на Боговиње, на новинарско прашање за изградба на автопатот Тетово-Гостивар, Бочварски рече дека оваа заедно со неколку други автопатски делници е во приоритетите на Владата преку донесениот Закон со стратешкиот инвеститор „Бехтел и Енка”.

-Имаше распишано постапка за избор на консултантска куќа и надзорен орган, по што беше избрана и компанија која ќе ги врши консултантските услуги, но бидејќи не беше доставена банкарска гаранција, таа постапка беше запрена и е распишана нова за избор на консултант и надзор што ќе ја следи градбата од самиот почеток до крајот на Коридрот 8 и Коридрот 10. Се работи за делницата Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требениште – Струга- Ќафасан на Коридорот 8, како и Битола – Прилеп на Коридорот 10 Д. Ова останува приоритет. Тука сме да ги решиме сите прашања што се јавуваат пред почнување со градбата за да сме сигурни дека кога ќе се почне со градба на автопатите ќе тече непречено и со добра динамика за да бидат завршени во предвидениот рок. Така што, автопатот Тетово-Гостивар, како и останатите делници е приоритет и по завршувањето на постапките ќе се влезе во реализација, реконструкција и проширување на целата оваа делница, рече Бочварски.

Тој најави дека кога ќе биде избран консултантот и надзорниот орган ќе пристапат кон преговарање со компанијата „Бехтел” за што има и временски утврден рок.

-Сите подготoвки очекуваме да ги направиме до крај на годината, потоа да се влезе и со постапките на проектирање и експропријација каде што е потребно, и во текот на наредната година да видиме полн прогрес на работа на терен заради тоа што тоа се многу значајни патни правци за кои државата е подготвена да издвои средства како никогаш досега и да ги реши и да ги затвори Коридорот 8 и Коридорот 10, рече Бочварски.

Прашан за динамиката на изградбата на автопатот Скопје – Блаце и доцнењето поради проблеми со експропријација, посочи дека се работи на првата делница и оти се очекува наскоро да се распише тендерската постапка за втората делница, која е покомплексна и поголема.

– Се работи на сите автопатски делници, експресните патишта, како и на Скопје-Блаце, така и на делницата од Градско кон Дреново, Дреново-Фариш, Плетвар,… наскоро почнуваме со железничката пруга кон Бугарија каде што имаше застој. Сите овие проекти се многу значајни во време на енергетска криза, па и претходно ковид криза, за средствата како капитални инвестиции да ги вбризгаме во економијата за да можат компаниите полесно и пофункционално да ја пребродат, изјави Бочварски.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:автопатибехтел и енкаблагој бочварскиблацететово гостивар
Претходен напис (ФОТО) Најголемиот лавиринт од пченка во светот посветен на Џејмс Бонд: Засеан е со помош на трактори водени GPS
Следен напис Ново намалување на цената на дизелот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?