Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Струмичко привршува отупот и извозот на црвената пиперка од пластеници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Струмичко привршува отупот и извозот на црвената пиперка од пластеници
Агровести

Во Струмичко привршува отупот и извозот на црвената пиперка од пластеници

Објавено 20/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Струмичко привршува откупот на црвената пиперка-куртовска капија произведена во пластеници. Откупната цена се движи од 20 до 50 денари за килограм во зависност од квалитетот, а трговците велат дека и годинава производството е намалено во споредба со лани.

Според Ване Заев од компанијата „З пласт“ од село Муртино, откупот почнал на почетокот на минатиот месец и досега секојдневно црвената пиперка-куртовска капија најмногу се извезува на пазарите во Бугарија, Србија, Хрватска и Словенија.

-Лошите временски услови, односно големите жештини, драстично го намалија приносот кај производителите. За куртовската капија има побарувачка и добро е што цените цел период се стабилни, вели Заев.

Инаку, прва класа црвена пиперка-куртовска капија се откупува за 50 денари во гајба, прва класа за индустриско производство-40 денари за килограм, втора класа 30 и 20 денари.

Според трговците, овие откупни цени се очекува да важат и за откупот на црвената пиперка од отворено. Таа треба да почне да се бере за десетина денови и најмногу е наменета за подготовка на ајвар.

Инаку, денеска на Пазарот на големо во Струмица доматите се продаваат од 50 до 80 денари за килограм, пиперките 80, црвената пиперка-50, компирот од 15 до 25 денари за килограм, праските од 35 до 40, грозјето од 50 до 60 денари и црните патлиџани 20 денари за килограм. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Извозототупотпластенициструмичкоцрвената пиперка
Претходен напис Турските пожарникари се бореле со 306 пожари во последните четири дена
Следен напис EX-YU aviation news: Виз Ер ги намалува капацитетот на патници на балканскиот пазар, опфатени и Скопје и Охрид
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?