Во среда ќе се одржи првото собрание на Иницијативата за здружението „Млад сточар“. Целта на Здружението ќе биде поддршка на младите во сточарството и нивно поттикнување за помасовно вклучување во сточарството.
Од Здружението се надеваат дека по успешното формирање ќе бидат примени како член во СЕЈА, Европскиот совет за млади фармери (Europian council of young farmers).
„Секој млад сточар може да се приклучи на иницијативата и да нѐ исконтактира на 076/881 038 или на мејл [email protected].“, велат од Иницијативата.
