На подрачјето на град Скопје во среда ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција, информираат од Град Скопје.
– Авионското прскање против ларви од комарци ќе се реализира во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, пак, ќе се реализира во текот на денот – се вели во соопштението.
Од Град Скопје апелираат до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
