Ловот на тартуфи, кој во Србија главно се одвива во сивата зона, конечно добива можност да се легализира.
За да се воведе ред, биле обучени оние кои се занимаваат со експлоатација на тартуфи. Со цел да се стави овој многу профитабилен бизнис во легални канали, минатата недела, за прв пат во Србија, беше одржано полагање на испити и 84 комерцијални собирачи на тартуфи добија сертификати.
Зоран Јеленковиќ, претседател на Миколошко-печуркарското здружение, истакна дека последниве години имало многу проблеми во врска со експлоатацијата на оваа скапа печурка.
Тој наведува дека луѓето кои сакаат легално да работат се собрале во друштво на одгледувачи на тартуфи и дека од нив ги собрале сите информации за цените и за тоа како и каде се движи сивата зона на тартуфите.
– Истра направи грешка и ги уништи тартуфите со неправилна употреба на живеалишта и тие повеќе ги немаат, а побарувачката е голема. Во последниве години, тоа е српски тартуф што завршува како Истарски – вели Јеленковиќ.
Тој изјави дека во Здружението постои научна комисија и дека со нивна стручна помош организирале предавања, тестирање и со помош на Град Сремска Митровица ги добиле првите овластени печуркари, чие вистинско име е „комерцијални собирачи на тартуфи“.
Јеленковиќ посочи дека на овластените ловци на тартуфи мора да им се обезбеди излез од сивата зона, како и премин на нивната стока легално на пазарите во Грција, Франција и Италија.
– Потпишавме договори за соработка со Грција, Хрватска, Италија, Словенија и ги поканивме во Чуприја на еден наш настан, каде што ќе се договориме за начинот на комуникација, за тоа што е доволно од документација и ќе се обидеме да направиме берза на тартуфи, а подоцна и на печурки – објасни Јеленковиќ.
На тој начин тие во секој момент ќе можат да знаат кои се центите на тартуфите и како можат да ги продаваат. Јеленковиќ вели дека ова е првиот дел, да ги охрабрат собирачите да излезат од сивата зона.
Извор: blic.rs
