Влегуваме во топлиот дел од годината кога атмосферата се повеќе се загрева, со тоа растат и условите за развој на конвективна облачност и олујни системи кои со себе носат интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.
Ова особено е лошо за земјоделците и земјоделските производи. Инаку во текот на следните денови особено во попладневните часови локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Не се исклучува можноста за локално НЕВРЕМЕ проследено со електрични празнења и појава на град па токму поради ова ве советуваме да бидете претпазливи а земјоделците во случај на НЕВРЕМЕ да ги заштитат своите земјоделски култури.
Фејсбук статус на Славчо Поповски
