Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во штипскиот дел на планината Серта пожарот е активен на неколку жаришта, над селото Драгоев ставен под контрола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во штипскиот дел на планината Серта пожарот е активен на неколку жаришта, над селото Драгоев ставен под контрола
Агровести

Во штипскиот дел на планината Серта пожарот е активен на неколку жаришта, над селото Драгоев ставен под контрола

Последна измена: 18/07/2024 11:55
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

На територија на Општина Штип од утрово на неколку позиции на планината Серта се пожарникарите, припадниците на Армијата и на полицијата, како и ловџии. Од копно се контролира и гасне пожарот кај гасоводот, во близина на селата Селце, Драгоево и Пиперово.

– Огнот е далеку од овие села и нема опасност во моментов, истакна денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Според него, од земја огнената стихија се набљудува, се контролира и се спречува потенцијално ширење на пожарот, кон територијата на Општина Штип. Јорданов посочува дека веќе на терен се истрасирани и патишта, пресеци за да не се прошири огнот кон најблиските села на планината Серта во штипскиот регион.

-Морам да истакнам дека пожарот над селото Драгоево по синоќешното делување од воздух е ставен под контрола, исто овде се припадниците на ТППЕ и Центарот за управување со кризи, кои ќе се погрижат, за дополнително ставење под контрола и евентуално само ликвидирање на пожарот и со тоа во текот на денот будно ќе се следи пожарот на оваа локација, вели Јорданов.

Тој посочува дека веќе се направени разговори со Јавните претпријатија на Општина Штип и со приватни фирми кои со механизација ќе прават пресеци низ планината за да се спречи ширење на огнот кон селата.

Прашан дали имаат некаква првична проценка колкава е штета по шумите во штипскиот дел, Јорданов вели дека дополнително ќе се прават, бидејќи во моментов се уште е активен пожарот.

МИА

Може да ви се допадне

Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи
Во Демир Хисар се одржа Саем за пчеларство и пчелни производи
„Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, промоција на македонски производи во Скопје
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
Таг:АктивенДрагоевконтролапожаротСерташтипскиот дел
Претходен напис Од утре до средината на следната седмица на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи
Следен напис Од понеделник во Скопје прскање против комарци од земја
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?