Во Русија е планирана изградба на најголемата фарма за кози во регионот Тамбов. Млечното стадо ќе има вкупно 20.000 животни, а сопственикот на фармата ќе биде компанијата „Бартон“, пренесува agroxxi.
„Обемот на инвестицијата за овој проект се проценува на 4,5 милијарди руби (околу 50 милиони евра)“, рече Олга Камнева, менаџер на одделот за регионален развој на регионот Тамбов. Се претпоставува дека оваа компанија ќе стане најголема во земјата за производство на козјо млеко, а ќе се отворат околу 200 работни места.
Според Министерството за земјоделство во регионот Тамбов, има неколку мали фарми, со не повеќе од 350 до 400 кози, а повеќето од нив се направени благодарение на државната поддршка.
Нивните производи во форма на свежо млеко, свежо сирење и други видови сирења главно се продаваат на земјоделските пазари во регионот или на малопродажните места под нивните сопствени брендови.
ЕУ произведува 2,5 милиони тони козјо млеко
Според податоците на Евростат, во 2019 година во Европската унија биле произведени 2,5 милиони тони козјо млеко. Најмногу козјо млеко произведуваат Шпанија, Грција и Романија.
Просечната цена на овците и козите низ ЕУ во 2019 година била пониска за три проценти во споредба со 2018 година, додека пак забележан е пад од 7,5 проценти во споредба со 2015 година.
Повеќе од 65% од светската популација консумира козјо млеко, пишува healthline. Богато е со протеини и калциум, а за разлика од кравјото млеко, полесно се вари и содржи помалку лактоза.
Извор: Агроклуб
