Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Република Српска забранет увоз на 400 килограми македонски сливи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Република Српска забранет увоз на 400 килограми македонски сливи
Агровести

Во Република Српска забранет увоз на 400 килограми македонски сливи

Објавено 29/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Републичката фитосанитарна инспекција на Република Српска, како дел од редовната инспекција на пратките во надворешната трговија, забрани увоз на пратка од 400 килограми сливи со потекло од Македонија, бидејќи се пронајдени остатоци од пестициди над пропишаното максимално ниво, соопшти Инспекторатот на Република Српска, јави дописникот на МИА од Белград.

Контролата на овошјето и зеленчукот во Република Српска се врши при увоз, со цел да се утврди дали е здраво и безбедно за човечка употреба, а најголем ризик кај овие производи е недозволеното количество пестициди, микотоксини и тешки метали, и тоа се параметрите на кои се вршат лабораториски анализи, пренесува Српскаинфо.

Од Инспекторатот наведуваат дека во првата половина на оваа година, при увозот, надлежната инспекција зела 607 примероци овошје, зеленчук и житни култури за исхрана на луѓето за потребите на лабораториско испитување.

Кај две пратки биле откриени неправилности, а инспекторот издал решение со кое се забранува увоз и наредува враќање на пратката до испраќачот или уништување под надзор на надлежниот инспектор.

Од Инспекторатот забележуваат дека на пратките од кои се земени примероци за анализа им е забранет пласман на пазарот, дистрибуцијата или преработувањето, се додека инспекторот не донесе одлука во согласност со резултатите од лабораториските испитувања на примероците.

Со оглед на оваа постапка, во случаи кога анализата открива неправилност, не постои ризик дека храната се консумирала, бидејќи не била ни достапна за потрошувачите.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:забранет увозРепублика Српскасливи
Претходен напис Северна Македонија и Бугарија ќе соработуваат и во областа на земјоделието
Следен напис Заев: Почнува нова ера на соработка во регионот – автентична, самостојна иницијатива на Северна Македонија, Србија и Албанија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?