Земјоделци се обидуваат со различни методи да ги заштитат овошките од ниските утрински температури.

-Обработуваме околу еден хектар насад под слива мешани сорти – стенлија, чачанска лепотица и сега мал дел нов насад чачанска рана. Се наоѓаме во радовишката околина, пробуваме да заштитиме со димење на слама – вели земјоделски производителот кој ни ги испрати фотогафиите.


Според неговите кажувања, нема некои посериозни оштетувања.
„Нема некои посериозно покажани оштетувања. Тоа го правев претходната ноќ во период од 4 до 6 часот но во текот на минатата ноќ имало повторно ниски температури и не чадев бидејќи прогнозата не кажуваше така. Моментално сум по насадите и не гледам сеуште штета но во текот на утрешниот ден можеби ќе покаже нешто“


