Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Прилепско нема опасност од поплавени канали, 70 проценти од мрежата е исчистена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Прилепско нема опасност од поплавени канали, 70 проценти од мрежата е исчистена
Агровести

Во Прилепско нема опасност од поплавени канали, 70 проценти од мрежата е исчистена

Објавено 02/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Во Прилепскиот регион нема опасност од излевање на каналите. Иако за четири месеци наврнаа преку 300 литри вода на квадратен метар колку за цела година, каналите не се опасност, уверуваат од подружницата „Прилепско поле“ на ЈП Водостопанство на Македонија.

Веќе 70 проценти од најголемите канали се исчистени  од целата каналска мрежа од 167 километри.

-Моменталната ситуација е добра, поволна. Имаме исчистено околу 70 проценти од каналската мрежа, од главните реки. Исчистени се реката Блато, Крушевска Река, Сенокошка, Волковска, Подмолска  Река. Останува уште помал дел да го завршиме со чистењето во текот на овој месец. Моментално нема опасности, иако годината беше многу врнежлива. Така, за 4 месеци наврнаа колку за цела година, вели Зоран Тодороски, директор на „Прилепско поле“.

Претпријатието има доволно механизација за ги одржува чисти каналите иако останува апелот до жителите да не фрлаат отпад и да ги затнуваат што може да доведе до големи последици.

– Добра е ситуацијата иако во некој дел може да се подобри. Ги замолувам жителите да не фрлаат отпад за да немаме поплави. Во наредниов период ќе ги чистиме останатите делови од мрежата. Ќе чистиме кај селото Славеј, потоа Заполшиот, Плетварскиот зафат се на ред и каде што се влеваат водите во Прилепското Езеро кое моментално 60 проценти е полно со вода, објаснува Тодороски.

Од крајот на март ќе почне склучувањето договори за наводнување и одводнување на површините во Прилепско.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:исчистенаприлепско
Претходен напис Дизел горивата поскапуваат за половина денар
Следен напис Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес кај ХИВ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?