Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во пресрет на Велигден: За кого оди 90% од унгарското јагнешко месо и по која цена?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во пресрет на Велигден: За кого оди 90% од унгарското јагнешко месо и по која цена?
Агровести

Во пресрет на Велигден: За кого оди 90% од унгарското јагнешко месо и по која цена?

Објавено 02/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Додека конфликтите на Блискиот Исток и згоелмените цени на енергијата ги тресат бројните сектори, унгарскиот пазар на јагнешко месо засега останува стабилен. И покрај глобалните неизвесности, побарувачката за овој производ е сè уште силна, особено пред велигденските празници, клучен период за секторот за овци, пишува Агроинформ.

Велигден претставува најважниот врв на продажба за унгарските одгледувачи на овци, кога дури 85 до 90 проценти од јагнешкото месо завршува на извозните пазари. Поголемиот дел оди во Италија, каде што побарувачката традиционално се зголемува за време на празничниот период.

Според Давид Мезесентџерџи, извршен директор на професионалната организација за секторот за овци и кози, и покрај геополитичките тензии, нема драматични промени. „Ситуацијата тука не е толку сериозна. Војната влијае на пазарите, но клучните велигденски извозни квоти веќе се договорени и нема значајни промени“, истакна тој.

Стабилна побарувачка, мал пад на цените

Експертите нагласуваат дека моменталните движења на цените се првенствено сезонски. Како што се приближува Велигден, понудата се зголемува, што може да доведе до мал пад на цените.

Пред неколку недели, цената на јагнешкото месо беше околу 6,4 евра за килограм, додека сега е околу 6,1 евро. Тоа е умерен пад што не се смета за загрижувачки, ниту пак е нужно директна последица од глобалните кризи. За производителите, ситуацијата засега останува стабилна, главно благодарение на континуираната силна побарувачка.

Најголем предизвик во моментов е логистиката, особено зголемувањето на цените на ѓубривата. Јагнињата се транспортираат на долги растојанија, често дури до северна Италија, што значително ги зголемува трошоците. Порано или подоцна, ова ќе влијае и на откупните цени, иако не е сигурно до кој степен ќе бидат на товар на производителите, а колку ќе се пренесе на потрошувачите.

Блискиот Исток: Силна побарувачка со логистички ризици

Освен Европа, значителен дел од извозот оди на Блискиот Исток, особено во Израел и Саудиска Арабија. Побарувачката таму останува висока, дополнително зголемена до крајот на Рамазан, кој оваа година е многу блиску до Велигден.

Сепак, постојат предизвици, пред сè во транспортот, кој најчесто се одвива по море. Иако рутите не минуваат директно низ воени зони, нестабилната геополитичка ситуација може да влијае на синџирите на снабдување. И покрај предизвиците, изгледите за унгарското јагнешко остануваат позитивни. Европската Унија не е самодоволна во производството на овој вид месо, таа покрива околу 87 проценти од сопствените потреби, што остава простор за понатамошен извоз.

„Унгарското јагнешко месо е висококвалитетен производ и ќе го има своето место на пазарот на долг рок“, нагласува Мезесентџердиј. Најголемиот ризик останува евентуалната ескалација на конфликтот, што би можело да предизвика посериозни прекини во транспортот, а не само зголемување на трошоците.

Паралелно со извозната сезона, започна кампања за поттикнување на домашната потрошувачка на јагнешко месо. Целта е овој традиционален, но често занемарен производ да се доближи до потрошувачите.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:велигденјагнешко месопродажбаунгарија
Претходен напис Цените на лебот и пецивата остануваат на исто ниво, ќе се следи состојбата со енергенсите
Следен напис Одгледување босилек во саксија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?