Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во потрошувачката кошничка ќе бидат најзастапени овошје и зеленчук од домашно производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во потрошувачката кошничка ќе бидат најзастапени овошје и зеленчук од домашно производство
Агровести

Во потрошувачката кошничка ќе бидат најзастапени овошје и зеленчук од домашно производство

Објавено 18/04/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Овошјето и зеленчукот што се произведуваат во Македонија ќе биде најзастапено во владината математика за просечната потрошувачка кошничка. Листата на земјоделски производи која министерството за земјоделие ја доставило до министерството за економија е долга вели Трипуновски. Финално кои производи ќе влезат во кошничката треба да соопшти министерството за економија што веројатно ќе се случи откако истата ќе биде испратена на консултации кај синдикатите и организацијата на потрошувачи

„Министерството за земјоделство учествува заедно со другите министерства во креирањето на кошничката и е задолжено за земјоделските производи. Листата на производи е голема и верувам дека кошничката ќе ги содржи сите. Пред сѐ се застапени оние што ги произведуваме во Македонија“, вели Трипуновски.

Изработен е и посебен календар за тоа кои култури кога се одгледуваат врз база на кој ќе се полни кошничката. Односно сезонските овошја и зеленчук ќе се пресметуваат во периодот кога се одгледуваат.  

МЗШВ согласно календарот на производство на земјоделски култури изработи посебен Календар – кои земјоделски култури во кој период доспеваат и се користат. Тој список е доставен до Министерството за економија. Знаете дека одредени производи се со сезонски карактер, па во периодот на нивно производство ќе бидат и вметнати во кошничката, вели Трипуновски.

Од министерството за економија веќе информираа дека кошничката е готова и е врз база на податоците од Државниот завод за статистика и Пазарен инспекторат. Што точно содржи засега нема конкретни детали, но се знае дека нема да има алкохол и цигари, а нема да биде ставена ставка за одмор во странство. Министерството за економија објасни дека владината кошничка ќе служи како урнек за креирање на мерки за заштита на животниот стандард.

Државниот завод за статистика престана да ја пресметува минималната потрошувачка кошничка во 2011 година и оттогаш тоа го прави ССМ.

Од синдикатот ја објавуваат сумата за секој месец, но засега последната објавена пресметка од ССМ е за февруари и тежи 63.773 денари за четиричлено семејство.

Според официјална статистика, инфлацијата во март споредено со февруари годинава бележи намалување од 1,3%. Тоа  според статистика се должи и на пониските трошоци за храна и пијалаци.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:потрошувачка кошничкапроизводипроизводство
Претходен напис Велики петок – најтешкиот ден во годината
Следен напис Најмногу дожд во Охрид и на Попова Шапка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?