Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Во областите каде што летово паднале мали количини врнежи, треба да се внимава што ќе се сее по пченката – Еве што препорачуваат експертите


Сушата годинава веројатно имаше најголемо негативно влијание врз пченката. На некои места жетвата ќе потфрли и до 50 отсто, некои сорти созреале порано од вообичаено, па бербата почнала порано. Поради недостигот на дожд, на растенијата хронично им недостасувала вода, кочаните биле помалку развиени, зрната останале пократки, а содржината на сува материја била висока.

Но, освен тој проблем, ваквата состојба предизвикана од сушата ќе влијае и на производството на културата што ќе се сее на површината каде што растела оваа житарка.

Имено, поради недостаток на влага во почвата, некои хербициди се уште не се целосно разградени, поради што изборот на култури за нова сеидба ќе биде ограничен, пренесува Agrarheute.

„Доколку помеѓу примената на хербицидот и сеидбата на следната култура паднат помалку од 120 l/m² врнежи, може да се очекува намалена стапка на распаѓање“, велат експертите од Услужниот центар за рурални области од Битбург, DLR.

Ова првенствено се однесува на почвите кои биле третирани со хербициди од групата на сулфонил уреа и трикетони. Проблемот ќе биде најизразен во подрачјата каде што од јуни наврнале помалку од 25 l/m² дожд.

Соодветни култури

Се препорачува да не се сее маслодајна репка, јачмен и детелина за да се избегне оштетување. Се советува одгледување на зимска пченица, а кај зимскиот јачмен се препорачува длабинско обработување на земјштето.

Во случај да е применета активната супстанција мезотрион, не се препорачува одгледување мешунки следната година. По пченката, површината мора да се зазелени со соодветен покривен посев, доколку се планира следната година да се одгледуваат летни култури.

Сеп 19, 2022agrotim1
Проблемот со увозот на украинска пченица во Бугарија го достигна врвот - Таен примерок открил дека од Украина се увезува стара, неупотреблива пченица?Еколошките организации против зелената класификација на ЕУ за гас и нуклеарна енергија

Напишете коментар Откажи одговор

19/09/2022 Растително производствоврнежи, пченка30

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019