Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Македонски Брод ќе се одржи Фестивал на костенот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Во Македонски Брод ќе се одржи Фестивал на костенот
Магазин

Во Македонски Брод ќе се одржи Фестивал на костенот

Објавено 25/10/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По 16-ти пат в петок и в сабота, на 27 и 28 октомври, во Македонски Брод ќе се одржи манифестацијата „Костенијада 2023“. Со музичка, кулинартска и уметничка програма ќе биде претставен овој производ по кој е најпознато Поречието во земјава и во странство. Од годинава, манифестацијата е ребрендирана и прераснува во Фестивал на костенот.

Фестивалот започнува в петок вечер со манифестацијата „Ноќ на костенот“. Посетителите ќе вкусуваат печени костени, а домаќините ќе понудат голема музичка забава.

Манифестациите в сабота наутро започнуваат со изложба насловена „Златен костен“ во Домот на кулурата во Македонски Брод. На изложбата децата од градинката и основното училиште од Македонски Брод ќе претстават производи од костен преку макети како плод на детската фантазија. На изложбата со своите трудови ќе се претстават и децата со посебни потреби од дневниот центар „Манастирец“.

-Фестивалот го има и своето дефиле низ градот проследено со играорни групи, од домот на културата па до градскиот плоштад во Македонски Брод. Гостите и посетителите ќе може да ги вкусат гастрономските јадења од костени, приготвени од учениците од угостителската група од Гимназијата. Главното место ќе го има печениот поречки костен, а меѓу другото ќе биде претставен и медот од костени. Фестивалот ќе се заокружи со културноуметничка забава, изјави Жарко ристески, градоначалник на Македонски Брод на прес конференцијата за Фестивалот што се одржа во Прилеп.

Годишно во Поречието се произведуваат околу 300 тони костени. Ристески признава дека е потребен организиран пласман на костенот, а општината е отворена за идни инвестиции во напредно производство.

-Реален проблем имаме со откупните цени. Костенот завршува во рацете на некои прекупци и накупци кои за екстремно повисоки цени го продаваат на пазарите кај нас и надвор од државата. Како Општина веќе водиме соодветна стратегија да донесеме инвеститор во Поречието за да има легален откупен пункт, да имаме барем полупроизвод од костен или пак калибрирање на самиот костен, па потоа да се извезува. Кај нас костенот е автохтона сорта, има цели костенови шуми и неопходна е инфраструктура да се стигне до нив. Работиме на ревитализација на патните правци, и во однос на водоснабдувањето работиме на неколку инфраструктурни проекти. Има водоводни системи, но се градени пред 50 години, а сега треба да ги ревитализираме, објаснува Ристески.

Македонски Брод работи на студија за заштита на костеновите стебла од сушење, а државата треба да обезбеди соодветни пристапни патишта до костеновите шуми.

МИА

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:костенотМакедонски БродФестивал
Претходен напис „Ангела Алфа“- Увозник на високостелни педигрирани јуници со сопствен карантин
Следен напис Времето променливо облачно, со повремени врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?