CityTree е името на најновиот проект, односно тоа се необични клупи кои се поставени во Лондон за да го прочистат воздухот што е можно повеќе. Една клупа со мов може да го прочисти воздухот како една помала шума, што го прави проектот револуционерен за сите градови кои се борат со квалитетот на воздухот.
Главниот град на Англија со векови се бори со квалитетот на воздухот. Лондон вообичаено секоја година ја преминува границата на загаденост на воздухот, а решенија водечките луѓе барале долго време за да најдат начин да го намалат смогот во воздухот и да го подобрат квалитетот на воздухот. Така, деновиве лондончани конечно го дочекаа своето прво градско стебло, кое може да го прочисти воздухот како една помала шума. CityTree е името на оваа необична шумска клупа која е поставена на кратко пешачење од циркусот Пикадили и е направена од мов. CityTree може природно да го апсорбира загадувањето и ситните честички од околниот воздух. Составот на билките ја обезбедува многу потребната сенка за мовта да напредува во урбана средина.

Опремен со систем за наводнување и поврзан со IoT мониторинг, овој шумски свет во центарот на градот може ефективно да се мери и одржува. CityTree е доволно паметен за да го одреди квалитетот на водата, влажноста на почвата, температурата на воздухот и, се разбира, нивото на загаденост. Овој проект за градска шума беше донесен во Лондон од тим од Green City Solutions кои го сметаат за револуционерна технологија за борба против загадувањето на воздухот и топлината. Целата структура е комбинирана со филтри кои го апсорбираат загадувањето и уреди за следење на животната средина, обезбедувајќи 275 пати поголема способност за чистење на воздухот од едно дрво. CityTree може да елиминира озонски гасови, прашина, азот диоксид и да филтрира до 265 тони јаглерод диоксид годишно. Германскиот стартап инсталираше повеќе од 20 CityTree во урбаните средини во различни земји. Секое вакво стебло кое го апсорбира загадувањето ја покажува моќта и важноста на технологијата во решавањето на еколошките проблеми, за кои ќе се согласите дека ги има сѐ повеќе и повеќе во светот.
