Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Лазарополе утрово најстудено, најмногу дожд во Дебар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Во Лазарополе утрово најстудено, најмногу дожд во Дебар
Агропрогноза

Во Лазарополе утрово најстудено, најмногу дожд во Дебар

Објавено 30/05/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Најниска температура утрово  од 4 степени Целзиусови е измерена во Лазарополе. Следат Берово со 5 степени, 6 во Попова Шапка, 7 Маврови Анови, 9 во Крива Паланка, Охрид, Битола и Крушево, 10 во Скопје-Петровец, Демир Капија, Тетово, Прилеп, Штип и во Струмица, 11 Виница, Куманово, Велес и 12 степени во Скопје кај Зајчев Рид, Дојран, Гевгелија и во Кавадарци.

Според податоците од водомерните места на УХМР, во изминатите 24 часа до 08 часот најмногу воден талог е наврнат во Дебар – 7 л/м2, потоа 4 во Крушево и Виница, 2 Струмица и 1 л/м2 во Лазарополе.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне, особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. UV индексот ќе изенсува 6.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне 26 степени.

МИА

Може да ви се допадне

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, нестабилно и во Полог и Овче Поле
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Сончево и топло до 38 степени
Таг:ДебардождЛазарополеНајстуденоутрово
Претходен напис Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд и грмежи
Следен напис Поголема финансиска писменост за здрава финансиска иднина – СН Осигурителен Брокер започна проект за финансиска писменост кај младите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?