Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во кривопаланечкото планинско село Огут, секој што еднаш дошол, ќе посака повторно да се врати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Во кривопаланечкото планинско село Огут, секој што еднаш дошол, ќе посака повторно да се врати
Рурален Развој

Во кривопаланечкото планинско село Огут, секој што еднаш дошол, ќе посака повторно да се врати

Објавено 21/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во околината на Крива Паланка, распослано во областа Горна Пчиња, се наоѓа селото Огут. Селото е планинско, а неговите маала се наоѓаат на надморска височина од 900 до 1.200 метри. Од градот Крива Паланка е оддалечено 28 километри.

Месностите во атарот на селото се нарекуваат: Кита, Река, Чука, Здравац, Мечит, Вирови, Јанина Чука, Шилешки Рид, Гољак, Јанков Рид, Остра Чука, Село и Селиште.

На него преовладува обработливото земјиште на површина од 725 хектари, на шумите отпаѓаат 533 хектари, а на пасиштата 476 хектари.

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.

Жителите на кривопаланечкото село Огут велат дека оние што ќе дојдат еднаш во нивното село, секогаш ќе сакаат да дојдат повторно.

Во минатото вредни селани граделе домови, работеле на нива, формирале семејства, а веселиот детски џагор се слушал надалеку. Сега може да се најдат повеќе старци кои ги живеат пензионерските денови и понекое детенце кое ги развеселува овде.

Сепак многу работи и се сочувани, се уште стои и некогашната караула на границата со Србија. Тука е и училиштето каде што некогаш училниците биле полни, а сега има едвај неколку дечиња, зашто миграцијата го направила своето.

Поради оддалеченоста од градот, Огут живее во недопрена природа. Надвор од градската гужва, во склад со природата, а од неодамна доби и комплетно реконструиран пат во должина од 30 километри, после 40 години, кој значително го олеснува патувањето до селото и за жителите и намерниците кои сакаат да уживаат во неговите природни убавини.

Во месец јули со присуство на бројни верници, беше осветена црквата Свети Илија во с.Огут, благодарение на ктиторите Милан и Мица Савеска, како и за духовноста и животот кој го враќаат во овој крај на Крива Паланка. Фрескописот е дело на кривопаланчанката, академската сликарка Христина Стојчевска.

Иако зимата е на праг, никогаш не е рано да започнете да размислувате да прошетате до Огут. Ќе ве пречекаат благите погледи на жителите и срдечното добредојде. Ќе пробате сок од шумско овошје, а и слатко со ореви.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Шест грла говеда од Крива Паланка залутале во Бугарија, локалниот проблем стана меѓународен
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:крива паланкаогутсело огут
Претходен напис Во изминатите 24 часа најмногу дожд на Попова Шапка, утрово температурите над нулата
Следен напис За семејството Филиповиќ oдгледувањето мушмули од хоби прераснало во добра заработка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?