Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Кривогаштани се одржа обука за органско производство на пиперка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Кривогаштани се одржа обука за органско производство на пиперка
Агровести

Во Кривогаштани се одржа обука за органско производство на пиперка

Објавено 21/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во општинската сала во Кривогаштани денеска се одржа првата обука за производство на органска пиперка, како дел од проектот „Договорно производство на органска пиперка“.

За важноста на органското производство пред земјоделците зборуваше советничката за органско производство- Ангела Ѓеровска која потенцираше дека ова производство не е воопшто комплицирано и дека вложувањата се често и помали, а заработката повисока од конвенционалното производство.

 Поради недоволна информираност на земјоделските производители, постои недоверба во производство на органски производи. Најчесто земјоделците сметаат дека прихраната и заштитата се поскапи, а приносот помал и едноставно не сакаат да пробаат и да се разубедат во спротивното.

Меѓутоа, новите европски трендови, барањата на потрошувачите и потребата од здрав живот, сѐ повеќе ја наметнува потребата од зголемување на површините под органски култури. Овој процес го помага и државата со 100 % повисоките субвенции за органско производство.

Сите овие аспекти од органското производство како и постапката за сертифицирање на производствтоо беа тема на средбата на која земјоделците добија целосни информации, а со тоа и мотивација за вклучување во проектот за следната година.

За повисоките субвенции и до 100 посто за органски производи зборуваше раководителот на ПЕ на Битола, Методија Илиевски, а претставниците од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ги повика земјоделците да се приклучат во проектот за да може да имаат поисплатливо и сигурно производство, користејќи ги капацитетите на вработените во АПРЗ.

Проектот „Договорно производство на органска пиперка“, годинава за прв пат стартуваше во организација на Агротим, советници, откупувачи и земјоделски производители. Активноста се спроведува со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – И.М.Е Програма.

Видео материјалот од обуката се подготвува и во текот на утрешниот ден ќе имате прилика да го погледнете на Агротим.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:договорно производствокривогаштаниорганскпиепрка
Претходен напис Нуредини: Го ставивме Студенчишко Блато под привремена заштита
Следен напис Во тек е јавна расправа за Нацрт – Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?