Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Крива Паланка за првпат ќе се одржи „Сусурига” – дефиле под маски 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Во Крива Паланка за првпат ќе се одржи „Сусурига” – дефиле под маски 
Магазин

Во Крива Паланка за првпат ќе се одржи „Сусурига” – дефиле под маски 

Објавено 05/03/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Крива Паланка за првпат ќе ја организира манифестацијата „Сусурига 2024″, дефиле под маски во градот, со цел заживување на старата градска традиција на маскирање и палење на оган по повод христијанскиот празник Прочка.

Манифестацијата ќе се одржи на 16 март, сабота, во 18 часот во пресрет на Прочка, а ќе опфати дефиле под маски, избор за најдобра групна или маалска маска, огнено шоу, симболично и ритуално палење оган, познат во народот како Сусурига и забава по маски.

-Ги повикуваме сите кривопаланчани на возраст над 14 години да земат учество и да пријават групна или маалска маска за претстојната манифестација. Пријавувањето се врши секој работен ден од 9 до 15 часот во Одделението за јавни дејности во општината, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

При пријавување кандидатите треба да достават и краток опис на маската, музика на ЦД во траење најмногу 2-3 минути, а за истата треба да имаат и соодветна мала кореографија со која ќе ја претстават маската на официјалната бина. Бројот на учесници во маската е ограничен, најмногу до 20 лица.

-Пријавите заедно со текстот за најава и музика се доставуваат во хартиена или електронска верзија кај лицата за контакт во Општината, објавени во повикот на официјалната веб страна на Општина Крива Паланка, најдоцна до 14 март  2024 до 15 часот и 30 минути, додаваат од службата.

При пријавувањето кандидатите ќе добијат реден број под кој ќе настапат на дефилето што е предвидено да тргне од пред НУ Центар за култура Крива Паланка.

Најдобрите три групни или маалски маски ќе бидат наградени од општината како покровител на манифестацијата. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:дефилекрива паланкамаскиодржиСусурига
Претходен напис Грантови за винарии не се доделуваа со привилегии, реагираат од Здружението „Македонски семејни винарии” на изјави од Трипуновски 
Следен напис УХМР: Февруари екстремно до многу топол и сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?